ПО ПОВОД 3. ДЕКЕМВРИ, ЦЕНТАРОТ „ПОРАКА“ ВЛЕЗЕ ВО НОВИ ПРОСТОРИИ

3. декември меѓународниот ден на лицата со попреченост во Демир Хисар беше традиционално одбележан со пригодна свеченост.Во зградата на демирхисарските пензионери, со пригодна свеченост беа предадени во употреба новите простории на општинскиот центар за поддршка на лицата со попреченост „Порака“ и првиот општински социјален клуб. Пред почетокот на свеченостите, Центарот го посети градоначалникот Љупчо Блажевски коЈ на кусата средба со претседателот Љубе Димчевски изјави дека, годинашново одбележување на 3ти декември има дополнителна причина за заедничко задоволство и исполнетост бидејќи, како што рече, со заеднички труд, ангажман и скромен влог, се операционализира минатогодишна идеја и заедничка желба за определување и адаптирање на забавен,  рекреативно – едукативен социјален клуб за  идните корисници на центарот „Порака“.
– Знам дека сте меѓу најдобрите, како што знам, исто така, дека многупати, во континуитет сте биле најдобри. А знам и верувам дека со таков ентузијазам и посветеност ќе продолжите да ги реализирате вашите проектни замисли и идеи – му рече градоначалникот Блажевски на претседателот на Центарот.
Просториите се во сопственост на Здружението на пензионерите кое што ги отстапи на користење на „Порака“ за нивните потреби. Се работи за корисен деловен простор од околу 60 квадратни метри кој што е целосно преуреден. За градежните зафати, промената на надворешната и дел од внатрешната столарија, како и санирање на санитарниот јазол, членовите на „Порака“ потрошиле околу 250 илјади денари – пари што ги обезбедиле од сопствени приходи, како и од општината и други донации на локални бизнисмени.
На свеченоста, по повод 3. декември, беа доделени наградите на најдобрите учесници конкурсите за најдобра литературна и ликовна творба.Во зградата на демирхисарските пензионери, со пригодна свеченост беа предадени во употреба новите простории на општинскиот центар за поддршка на ли

Пронајдете не на следниве мрежи: