ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СОРОС и СДСМ водат хајка против невладиниот сектор што се бори за десоросоизацијата. – Хајката која по нивна нарачка против вистинскиот невладин сектор ја водат окупаторите и уништувачите на граѓанските иницијативи уште еднаш излезе на виделина поради невниманието на соросовите невладини јуришници во служба на СДСМ. СДСМ и Сорос праќаат мејлови од иста адреса, во кои со тужби им се закануваат на сите кои ќе се одважат да им опонираат на нивните тоталитарни начини на практицирање квази граѓанство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека десоросоизацијата започнала и оти овој процес и е неопходен за Македонија. – Токму затоа граѓаните на 11-ти декември им кажаа не во огромно мнозинство на ваквите насилници и застанаа зад процесот на десоросоизација на македонското општество, се наведува во соопштението.– Хајката која по нивна нарачка против вистинскиот невладин сектор ја водат окупаторите и уништувачите на граѓанските иницијативи уште е