Граѓаните денес, за разлика од времето кога СДСМ беше на власт, имаат целосна контрола во трошењето на нивните пари. Буџетот се носи во максимално транспарентна постапка, а на веб страната на Министерството за финансии ги има сите можни статистики за јавните финансии. Прегледи за јавниот долг има на месечна основа исто како и месечни прегледи на расходите и приходите. Во време на предизборието на веб страната на Министерството за финансии на дневна основа се објавуваа сите расходи.
Министерството за финансии во повеќе наврати објаснуваше дека тие табели и објави се направени согласно методологијата на ММФ.
Меѓутоа СДСМ во исто толку наврати се правеше слеп и глув бидејќи фактите и вистината не значат ништо во Фабриките за афери на Чауш и СДСМ за фалсификување пасоши, банкарски налози, бројки на иселени, фантоми и други статистички категории.
Она што не е објавено јавно на страницата на Министерствоо за финансии, а граѓаните треба да го знаат е дека речиси половина од јавниот долг е направен во време на СДСМ, а тие милијарди евра се исчезнати пари кои само економските генијалци за раскрчмување на земјата од СДСМ знаат каде се.
Она што сите го знаат е дека овие пари во времето на СДСМ сигурно не се потрошиле за вложување во инфраструктура, болници, училишта, студентски домови, градинки, спортски сали и игралишта, субвенции за земјоделци, за студенти, за пензионери.
Тоа е делото на СДСМ кога е на власт. Кога е во опозиција СДСМ дава се од себе за Македонија да биде во состојба на криза, да нема економски просперитет и отворање на нови работни места, односно подобар живот за граѓаните. СДСМ се води по една максима: „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.
За нивна несреќа, а за среќа на Македонија и македонските граѓани, дури и во состојба на постојани кризи и сопки во кои учествува СДСМ, благодарение на програмата на ВМРО-ДПМНЕ со конкретни проекти и мерки кои се реализираат и кои добиваат масовна поддршка од граѓаните, дојдовме до рекордно ниско ниво на невработеност и бројни странски инвестиции, вложувања во инфраструктура, здравство, земјоделие, образование.
Ете затоа СДСМ е во опозиција веќе 11 години и таму и ќе остане бидејќи освен лагите и манипулациите од нивните Фабрики за афери нема ништо да им понуди на граѓаните.
Буџетот се носи во максимално транспарентна постапка, а на веб страната на Министерството за финансии ги има сите можни статистики за јав