Програма немате, капацитет немате, способни луѓе немате, поддршка немате и ви останува само плукање, негирање и омаловажување – нешто што во последниве две години од политичката криза, видовме дека вашиот лидер Зоран Заев со малото друштво околу него, најдобро знае да го прави.Интегрален текст од прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола, на која се обрати портпаролот Валентина Маркоска
Дел од вашата таканаречена Програма препишавте, слоганот и боите на кампањата ги украдовте и со продавање гол, неаргументиран, нереален популизам кој примамливо звучи ама е неостварлив, се надевате дека ќе излажете барем понекој од своите некогашни поддржувачи, кои денес исто така ви го вртат грбот.
Поддршката и кај своите ја изгубивте, со обидот да излажете и по некој од чесните албански гласачи, откако Зоран Заев отворимногу опасни, етнички теми кои ја загрозуваат унитарноста на државата и заговараат редефинирање на нејзиното уредување.
Дури и вашите партиски членови знаат дека единствено ВМРО-ДПМНЕ има обемна, реална и остварлива Програма на петстотини страници, дека Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има знаење, капацитет, стручни луѓе и широка народна поддршка -РЕАЛНО да ги оствари ветените проекти, од прв до последен, со прецизни рокови и детален буџет.
Битолчани, ние немаме намера да негираме дека во остварувањето на досегашните програми и проекти на на Владата и Општината предводени од ВМРО-ДПМНЕ имало и по некој пропуст, превид или задоцнување. Не сакаме да тврдиме дека сме безгрешни. Но, тоа не нѐ колеба во ниту еден момент да се откажеме од било кој ветен проект, како што досега во најголем дел и сме ги оствариле.
Проектите кои се однесуваат на Битола имаат значајно, централно место во нашата изборна Програма и по важност, и по обем, и по издвоени средства и Вие, драги наши сограѓани, најдобро знаете да оцените што за Вас е подобро, и кој знае, умее и може да обезбеди работа, стабилност и напредок за Битола и Република Македонија.Интегрален текст од прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола, на која се обрати портпаролот Валентина Маркоска
Дел од в