Специјалното јавно обвинителство ја стартуваше изборната кампања на СДСМ. Нема граѓанин во земјава кој не го гледа и не го осудува очајот и деструкцијата во кои што тоне СДСМ. Прашање на време беше кога Заев ќе го активира својот главен изборен адут и кога ќе го притисне копчето за будење од неколкумесечниот сон на Катица Јанева и нејзините соработници.Тоа што го прави Катица Јанева е обичен политички циркус и нема ниту „П“ од право. Се кршат сите законски норми, по нарачка се конструираат непостоечки случаи и се прави театар само со една цел, дисквалификација, дискредитација и оцрнување на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. На тој начин Зоран Заев и Катица Јанева веруваат дека ќе ја покријат неговата неспособност и дека ќе компензираат барем дел од исклучително нискиот углед кој Заев го има меѓу граѓаните.
Катица Јанева пред неколку дена направи нов преседан. Сама го иницираше нарачаниот театар испраќајќи повик до медиумите дека „Во периодот што следи ќе имало зголемена фреквенција на лица во СЈО“. Нема ниту еден пример за вакво работење, ниту во праксата во Република Македонија, ниту во која било друга земја. Ваквиот повик на Катица Јанева е отворен сигнал до медиумите под контрола на СДСМ/Сорос да почнат со линчот и личните дисквалификации без никаква основа. Само по желба и нарачка на Зоран Заев Од СЈО пред неколку дена изразија негодување зошто судот не изрекол мерка притвор за еден од осомничените во предметот кои тие го нарекоа Тврдина. Нејзиниот аргумент беше дека тој бил избран за директор во меѓународно тело и постоела опасност да не се појавува на распитите. За само една недела ваквите манипулации и невистини излегоа на виделина. Денеска осомничениот се појави на распитот на кој што беше повикан и целата јавност се увери дека станувало збор за уште еден јалов и неаргументиран обид некој да биде притворен и од тоа да се режира спектакл.
Истото се случува и со градоначалникот на Битола кој скоро два месеци е во притвор, иако редовно се одзиваше на сите покани на СЈО. Во овие два месеци СЈО во предметот против него нема преземено никакво дејствие, надлежниот обвинител беше на одмор, а остана само впечатокот дека притворот е побаран само заради политичка пресметка.
За да нема недоразбирања, ВМРО-ДПМНЕ се борело и ќе продолжи да се залага за борба против криминалот, но нема да премолчи политичка злоупотреба на институциите и политички пресметки чија единствена цел е политичка дискредитација.
Веќе не постојат дилеми дека СДСМ повторно нема што да им понуди на граѓаните. Нема програма, нема проекти, нема визија која би резултирала со отворање на нови работни места и подобрување на животот на граѓаните. Има само гола политика и црна кампања во обид сите да се вовлечат во калта во која што е заглавен Зоран Заев.
Зоран Заев, Катица Јанева и сите инволвирани во ваквото сценарио најдобриот одговор ќе го добијат од народот на следните избори. Нивната деструкција и нивните манипулации ќе бидат жестоко казнети од народот.Тоа што го прави Катица Јанева е обичен политички циркус и нема ниту „П“ од право. Се кршат сите законски норми, по нарачка се конструи