Водењето на доследна економска политика во последниве десетина години од страна на Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дава забележителни резултати и во зголемувањето на индустриското производство.Растот на индустриското производство во 2014 год изнесуваше 4,8% што е шесто најдобро оставрување во Европа, при што индистриското производство растеше 19 месеци по ред заклучно со март 2015 год.
Според направената анализа од Комисијата за економија и финансии при ОК-ВМРО ДПМНЕ Битола, во 2015 год продолжија позитивните движења и индустриското производство забележа раст од 4,9% со значително интезивирање на активностите во втората половина од годината.
Политиката на привлекување на квалитетни СДИ кои отвораат нови производствени погони придонесе кон подобрување на конкурентноста на земјата како резултат на диверзификација на структурата на индустријата. Така, во периодот 2015 год,висок раст е забележан кај производството на моторни возила и приколки (37%), машини и уреди (21,3%), а раст остварија и традиционалните сектори: производството на текстил (14,8%), прехрамбени производи (10,4%), облека (6,7%) и метали (6,3%). Знчаен придонес во растото на БДП има градежништвото кое изминатите године бележеше рекордни двоцифрени стапки на раст ( 21,5% во 2008; 11,8% во 2009; 11% во 2010; 38% во 2011; 12,8% во 2013), како резултат на реализацијата на крупни инфраструктурни проекти со кои во услови на криза се обезбеди поддршка на дополнителни 25 индустриски гранки.
Позитивните движења во градежништвото продолжија и во 2015 год при што растот достигна 16,8%. Растот на градежништвото во најголема мерка се должи на високите капитални инвестиции од Буџетото на Република Македонија. Во 2015 год бруто-инвестициите достигнаа историски највисока стапка од 31,9% од БДП и во однос на 2006 год кога истите изнесуваа 20,5%, бруто инвестициите се повисоки за 11%. Во периодот 2007-2015 год просечните бруто-ивестиции изнесуваа 28% од БДП,што е значително повисок износ во споредба со периодот 2003-2006 год кога тие изнесуваа 20%. Ако се земи во предвид и порастото на БДП во период 2007-2015 год во однос на 2003-2006 год, ваквото зголемување на бруто-инвестициите добива дополнителна тежина и значење.
Трендот на раст на капиталните инвестиции продолжува и во 2106 год. Со последниот ребаланс на буџетот предвидени се 568 милиони евра за капитални ивестиции што представува историски највисок износ.
За споредба само, капиталните инвестиции во буџетото од 2006 год изнесувале 156 милиони евра, што представува пораст од 264% во 2016 год во однос на 2006 год. Високото ниво на бруто-инвестициите во изминатиот период е резултат на реализацијата на голем број капитални проекти,пред се во јавниот но и во приватниот сектор.Растот на индустриското производство во 2014 год изнесуваше 4,8% што е шесто најдобро оставрување во Европа, при што индистриското производство рас