Реакција на прес конференцијата на СДСМ во врска со криминалот за превоз на ученици во Општина Струмица

Реакција на прес конференцијата на СДСМ во врска со криминалот за превоз на ученици во Општина Струмица
 Аболицираниот криминалец Зоран Заев треба да одговара и ќе одговара за коруптивниот грабеж реализиран преку превозот во Општина Струмица. Парите кои на криминален начин ги краде од народот мора да бидат вратени и бегање од одговорноста нема.
Струмица плаќа дупло  поскап превоз од едно Токио. Ова е вистината, која денеска ја призна СДСМ и послушниците ангажирани да го перат извалканиот образ на единствениот политичар аболиран за криминал. Втората вистина која СДСМ денес ја потврди е дека фирмата на функционер на партијата, Тритерол Дооел вршела и сеуште врши превоз и ги добива тендерите во Општина Струмица наплаќајќи по нерелно високи цени.
Колку и да се обидува со лаги и манипулации СДСМ да ја измами јавноста, останува фактот дека Тритерол е фирма која добивала релации кои ги наплатува двојно и тројно поскапо во споредба со една Битола.
Дополнително фирмата на функционерот на СДСМ Тритерол добива и други тендери од Општина Струмица во вредност од над еден милион евра. Кога велиме дека Тритерол е фаворит на аболицираниот Заев, мислиме на 10-тина тендери кои оваа фирма ги добива во само еден ден.
ВМРО ДПМНЕ ја разбира нервозата во СДСМ, бидејќи Зоран Заев по којзнае кој пат е повторно жив фатен во криминал. Исто како и во случајот „Глобал“ со кој ја оштети државата за над 8 милиони евра. Исто како и во случајот поткуп во кој барајќи едно евро за себе и Вице-то и едно евро за црквата се обиде да изнуди 200 000 евра од бизнисмен. Јасно е зошто локалниот огронок добил задача за дефокусирање. Сомнежите и доказите за криминал се премногу јасни и очигледни.
 Аболицираниот криминалец Зоран Заев треба да одговара и ќе одговара за коруптивниот грабеж реализиран преку превозот во Општина Стр

Пронајдете не на следниве мрежи: