ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е европски рекордер во организирање хајки, поднесување тужби и отворени закани кон медиумски куќи и новинари

Реакција на соопштението на СДСМ во врска со слободата на медиумитеСДСМ е европски рекордер во организирање хајки, поднесување тужби и отворени закани кои резултираат со напади кон медиумски куќи и новинари.
Единствениот грев на овие новинари е што не ги координираат своите прилози и текстови со СДСМ како што тоа го прават многу портали и телевизии кои се уредувани од Бихаќка, а финансирани од СОРОС.
На светско ниво тоталитарниот пристап на СДСМ кон медиумите може соодветно да се споредува само со односот кон медиумите во Северна Кореја,  ИСИС, Џибути, Јемен и Сомалија.
СДСМ и неговите функционери и активисти новинарите ги прогласуваат за политички непријатели,  им организираат континуирани хајки кои резултираат со насилство, им се закануваат со затворски казни, им се закануваат по живот на новинарите но и на нивните семејства, кршат и уништуваат редакции на електронски и печатени медиуми.
СДСМ новинарите редовно ги дава на суд и бара драконски парични казни и одземање на лиценци за сите новинари и медиуми кои не се адвокати на аферите создадени во фабриките на Чауш, Заев и Спасовски.
„Кога зборувате труе, ширите радијација, поголем изрод од вас не постои, вие сте злосторничка банда, политички непријатели, овие вести се ку*тон вести, вие сте криминалец, вие лажете, ова е лага како и сите лаги сите овие години, вие сте српски шпиуни, единствена странска служба сте вие, труете од што лажете, болумента, алооо началниче…“
Ова е речникот на Зоран Заев кон телевизиите кои не се покоруваат на тоталитарниот медиумски дискурс на СДСМ. Ова е речник од кој се срами секој граѓанин на Македонија. Ова е скандалозен однос на човек кој на избори треба да ја бара поддршката од народот.
Новинарите кои на продуктите од Фабриките за афери на СДСМ им доделуваат насловни страници, воведни вести во информативни блоокови и теми во дебатни емисии за СДСМ се „фер и балансирани“ новинари. Смешно и апсурдно.
Кон новинарите кои не се нивни послушници СДСМ има срамен однос за да може да ги обвини дека тие се виновниците за катастрофалните порази на партијата и за мизерниот рејтинг меѓу народот, а не фактот што СДСМ освен ноторни лаги од фабриките за афери и деструкција на секое поле нема ништо да им понуди на граѓаните. Мизерно и бедно.
СДСМ има чиста нула кредибилитет за да зборува за медиумски слободи, слобода на говор и слобода на информирање. Граѓаните тоа го гледаат и знаат и не му ја даваат својата поддршка на СДСМ на избори. Затоа СДСМ бега од избори. Но, нема бегање од судот на народот.                   
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕСДСМ е европски рекордер во организирање хајки, поднесување тужби и отворени закани кои резултираат со напади кон медиумски куќи и новина

Пронајдете не на следниве мрежи: