Прес-конференцијата на Гоце Бумбароски, член на Комисија за образование ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која во изминатите 10 години, континуирано инвестира во сите области, посебено внимание посветува во создавањето на квалитетен образованиот систем. Изградени се нови 74 основни и средни училишта. Воедно за реконструкција на основни и средни училишта Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвои 1.51 милијарда денари со што значително се подобрија условите во сите училишта вклучително и во населените места кои спаѓаат во Општина Прилеп.Обезбедивме и бесплатен превоз за учениците коишто посетуваат настава во училишта кои се оддалечени 2.5 километри од нивните домови. И не само тоа со реконструкција на веќе потоечки и изградба на нови, овозможивме услови децата да учат во местата каде живеат, со што образованието го направивме достапно како никогаш претходно. Воведовме наставни програми Кембриџ.
Во насока на подобрување на стандардот на наставниците, во 2008 година потпишана е спогодба за соработка помеѓу Министерството за образование и наука, Министерството за култура, Министерството за труд и социјална политика и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура во согласност со Законите за основно и средно образование. Со оваа спогодба се предвидува трансформација на работниот однос на наставниците и стручните соработници кои ги исполнуваат условите за наставник или стручен соработник. Согласно измените на Законот за работни односи од 2011 овозможивме трансформација на работен однос од определено на неопределено време под значително подобри услови со што досега, за период од 5 години реализирани се речиси 8.000 трансформации. Од 2006 година до сега, заклучно со последното зголемување од октомври 2014 година, платите на наставниците ги зголемивме и тоа, најниската за 119% (од 5.060 денари на 11.081 денари) и највисоката за 67% (од 12.917 денари на 21.521 денари).
Во сите средини вклучително и руралните, обезбедени се модерни услови за настава на сите ученици без исклучок. Само во прилепско отворени се три нови модуларни училишта, кои опфаќаат современи училници за децата, простории за наставничкиот кадар и санитарни јазли.
Инвестиции за кои беа издвоени околу 8 милиони денари. Со помош на средства обезбедени од МОН поставено е ново модуларно училиште во село Чепигово, каде денес се наоѓаме, инвестиција вредна 3 милиони денари. Според сите стандарди збогатени со модерен ученички инвентар, отворени се нови модуларни училишта во село Беровци и во село Галичани, за кои извдоени се по 2.5 милиони денари за едно училиште.
Не ги запоставивме и останатите училишта од руралните средини. Во ООУ „Страшо Пинџур” во село Мало Коњари покрај реновирање на подот, опремување на фискултурната сала, извршено е реновирање на кровот во централното училиште, инвестиција за која беа издвоени 1.400.000 денари, средства обезбедени од Локалната Самоуправа. После долги години, направена е целосна промена на столаријата во централното и подрачните училишта, проект за чија реализација се потрошени 30.000 евра. Во подрачното училиште во село Големо Коњари, инвестирано е во нови санитарни јазли, и нова канцеларија за наставниците. Покрај реновирање на двете училници, со помош на 960.000 денари, средства од Локалната Самоуправа, реконструиран е кровот и фасадата во подрачното училиште во Кадино Село.
Во ООУ „Круме Волнароски” во село Тополчани, поставена е нова електрична инсталација. Во подрачното училиште во село Ново Лагово покрај санација на училницата, извршена е успешна реконструкција на крови тавани. Инвестиравме и во реконструкција и доградба на училиштето „Јонче Смугрески” во село Бела Црква. Во подрачното училиште „Гоце Делчев” во село Голем Радобил издвоени се 610.000 денари за промена на постоечкиот кров со нов пластифициран, лимен кров, покрај извршената санација на фасада, молерисување на ентериер, изградба на нови санитарии и санација на олуци. Изградба на нови, внатрешни санитарни јазли за ученици и наставници е реализирана во ПОУ во село Подмол, а 849.152 денари се вложени за реконструкција и санација на подови и столарија во училишната зграда како и влезниот хол, во истото подрачно училиште при ООУ „ Кирил и Методиј”- село Канатларци.
Покрај целосното реновирање во ПОУ во село Бонче, изградени се нови санитарни јазли, комплетно реновирање и санација на ѕидови, промена на дограма и столарија во ПОУ во село Ерековци.
Почитувани, ова се само дел од инвестициите во образованието во руралните средини. Ова се инвестиции кои говорат за сработеното. Образованието и во иднина останува наш приоритет бидејќи вложувањата во образованието и во младите се вложувања во иднината на Македонија.
 Обезбедивме и бесплатен превоз за учениците коишто посетуваат настава во училишта кои се оддалечени 2.5 километри од нивните домови. И не само

Пронајдете не на следниве мрежи: