ВМРО-ДПМНЕ: Што е тоа што СДСМ го остави на луѓето, по што ќе биде запаметен?

Управниот одбор од Фабриката за афери на СДСМ продолжува да се труди со полна пареа да фабрикува и манипулира, но тоа како и обично, го прави без компас.Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ:
Фабрикантите од СДСМ треба да ја отворат веб-страната на Министерство за финансии и да видат колку капитални инвестиции се реализирани заклучно ноември. Во железници, во училишта, во болници, во градинки и други капитални инвестиции од буџетот инвестирани се 15 милијарди и 900 милиони денари.
Тоа се 258 милиони евра капитални инвестиции реализирани досега. На тоа фабрикантите од СДСМ треба да додадат плус уште 8 милијарди денари или 130 милиони евра капитални инвестиции во автопати, регионални и локални патишта преку Агенцијата за државни патишта. Значи скоро 400 милиони евра се инвестирани досега во 2015 година.
Четиристотини милиони евра во капитални проекти, во трајни вредности за сите граѓани, за развој на индустријата, за раст на економијата. Дополнително освен капиталните инвестиции, економијата и индустријата ја придвижуваат и странските директни инвестиции кои отвараат работни места и кои годинава имаат извоз вреден една милијарда и 500 милиони евра. Откако ќе се информираат фабрикантите за афери од СДСМ, треба на народот да му одговорат колку капитални инвестиции имаше во нивно време?
СДСМ треба да си одговори и сам и на граѓаните што е тоа што СДСМ го остави на луѓето по што ќе биде запаметен? Колку странски компании инвестираа во време на СДСМ? Народот ја чуствува разликата и затоа веќе една деценија манипулаторите од СДСМ не ја добиваат довербата.
Затоа што освен Фабриките за Афери на Заев и Чаушот и Фабриката за Вицевата Провизија во Струмица, СДСМ нема ништо друго оставено зад себе. За 116 дена СДСМ ќе ја добие испорачана сметката за ваквата деструктивна и манипулативна политика од народот десетти пат по ред.
На 24 април доаѓа крајот за СДСМ.Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ:
Фабрикантите од СДСМ треба да ја отворат веб-страната на Министерство за фина

Пронајдете не на следниве мрежи: