СДСМ позната како партијата која сака да спроведе фашизам врз медиумите кои ги објавуваат срамните бројки за нивниот рејтинг, е срамно да зборува за вработувања.Кога СДСМ заборува за вработувања, најтешко и' е на статистиката и на реалноста.
А во реалноста СДСМ има двојно помал рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а нивниот лидер Зоран Заев брзо и сигурно се доближува со својот рејтинг кон рејтингот кој во моментов го има Киро Глигоров.
СДСМ знае зошто бројките се такви, но СДСМ не знае што да направи околу тоа, освен да продолжи да си ја пишува виртуелната реалност во соопштенијата и да живее во виртуелниот свет.
Во реалноста, ситуацијата е ваква:
СДСМ избрка 200.000 луѓе на улица.
СДСМ затвори повеќе од 700 индустриски капацитети.
СДСМ ја задолжи Македонија и ја остави во пустош.
ВМРО-ДПМНЕ отвори повеќе од 140.000 нови работни места.
ВМРО-ДПМНЕ донесе повеќе од 50 директни странски инвестиции.
ВМРО-ДПМНЕ ги враќа долговите на СДСМ и паралелно вложува милијарди во инфраструктурата. СДСМ губи девет изборни циклуси по ред.
ВМРО-ДПМНЕ победува девет изборни циклуси по ред.
Десеттата победа е закажана за 24 април и од тоа нема бегање. Тоа им е јасно и во СДСМ. Затоа СДСМ сака да живее во бајките од своите празни безидејни соопштенија.
Но народот не живее во нивната пишана реалност. За 142 дена доаѓа крајот на деструктивната и манипулаторска политика на СДСМ.Кога СДСМ заборува за вработувања, најтешко и' е на статистиката и на реалноста.
А во реалноста СДСМ има двојно помал рејтинг