Воено-стратешките особености на Македонија и Балканот… Ете затоа СИТЕ сакаат да ја земат!

ПИСМО НА ВИЛИЈАМ М. ЛИК ДО ЛОРДОТ ХОВИК
(Солун, 25 јануари 1807 год.)Веднаш потоа го продолжив  патувањето низ Македонија преку Ениџе и Воден, а оттаму на југ до Верија и преку големите планински масиви што ги делат горните и долните Македонци, се спуштив во котлините на реката Халиакмон крај Кожани и Селфиџе во Еласона и Лариса. Оттаму се вратив назад во овој град по долината на Темпе и брегот на Термајскиот Залив. Лорде,…
…одлучив да продолжам преку источните краеви на Румелија, зашто се уште не сум ги видел и во почетокот на септември, откако го напуштив Крф, отидов по море во Света Гора од каде тргнав по пат по извесен дел на Халкидичкиот Полуостров покрај древниот Амфиполис кон Серез, од каде продолжив до ова место. Веднаш потоа го продолжив  патувањето низ Македонија преку Ениџе и Воден, а оттаму на југ до Верија и преку големите планински масиви што ги делат горните и долните Македонци, се спуштив во котлините на реката Халиакмон крај Кожани и Селфиџе во Еласона и Лариса. Оттаму се вратив назад во овој град по долината на Темпе и брегот на Термајскиот Залив.
Главен предмет на оба мое патување беше да ги утврдам воените одлики на земјата и од едно незабележливо место што го посетив да приберам некои податоци за внатрешните провинции, особено за главните патишта што водат од  рамнините на Србија, Софија и Пловдив кон оние од Серез и Солун, како и за меѓите меѓу последниве  и оние на Тесалија и Горна Македонија, што ја сочинуваат внатрешноста на грчкиот полуостров.
Резултатот на моите испитувања ќе имам чест да го изнесам пред Вашето Лордство заедно со еден цртеж за географијата на овие провинции каде што се илустрирани и набљудувањата што натаму следат, составен со такво внимание и точност колку што времето и материјалот дозволува.
Рамнините на Србија и Софија, како и долината на Места која се протега од Пазарџик до Одрин се одвоени од долините на Струма и Вардар со големиот планински венец што древните народи го нарекле Родопи. Патот од Серез, главен град во до-лината на Струма, за Пловдив, главен град на реката Места може да се измине за 6-7 дена… о редовниот пат назад од Серез за рамнинскиот дел на земјата северно од планината Ро-допи, води по должината на левиот брег на реката Струма…па се до изворите на спомнатата река кај Дупница, од каде што тргаат патиштата за Ќустендил, Софија, Пазарџик и Пловдив. Главен премин на овој пат претставува местото на половина пат, меѓу Мелник и Џумаја,…Тој премин се вика Сирбенски Дервен…
Тоа се обичните патишта од Серез за северните рамнини, но тие се претешки за да може да им се придаде некаква воена важност. Двата главни премини на овој планински масив, и единствено што вреди да им се посвети внимание, се
1. преминиот кај Качаник,
2. преминот кај Масторица (стои Кацанити, а се однесува на Грделичкиот премин, н.б.)
Првиот е многу краток и наидува штом ќе се состави горниот дел на Повардарието по четиричасовно одење од Скопје, а потоа штом ќе се помине три часа низ планинскиот дел зад Превдин (или Пресдин, н.б.), краткоста и теснотијата на овој премин-…прават овој премин да биде еден од најзначајните. Изгледа дека тој бил секогаш утврдуван…
2. Преминот Масторица почнува кај градот Врање и продолжува цели шест часа одење по должината на една тесна долина за Масторица, од каде…недалеку од Лесковац, и води во рамнините на Србија…
Овие две клисури што всушност се единствените отвори што водат од северните турски провинции во Грција, истовремено се и најзначајните во западниот дел на Европска Турција. Има и трет кој има исто значење за Тракија и Цариград како и другите два дела за Грција. Тоа е стариот премин Трајанова капија помеѓу Софија и Пазарџик…
Пред да се остави Македонија, потребно е да се спомне уште една клисура од извесно значење што ги дели долните рамнини на Вардар при утоката на Термајскиот Залив од горните котлини на истата река, околу Велес и Скопје. Таа се вика Демир Капија или Железна Врата, тоа е место каде што Вардар е стеснет меѓу две стрмни карпи, над едната има еден пат во должина од една милја и на едно место на прилична височина патот се пробива низ една тврда карпа. Овој премин служи како врска меѓу Солунската рамнина и долината на Црна или Ерегон, па според тоа е од многу голема важност ако трупите што наидуваат од Драч и западниот брег сакаат да ги заобиколат планините што се наоѓаат меѓу Битола и Воден и би тргнале по долините на Црна и Вардар. Во тој случај тие ќе треба да преминат преку многу планини, преку таканаречените Мориовски планини, кои се простираат воо должина од четиринаесетчасовен од меѓу Прилеп и Тиквеш.
Сега ми останува да ги опишам уште врските меѓу планините што се наоѓаат крај Термајскиот Залив со оние во Тесалија и Горна Македонија.
…потребно е накратко да се подвлече дека овие рамнински краишта го зафаќаат целиот централен дел на Румелискиот Полуостров, кои на запад се заградени со планината Пинд, на север со еден планински венец што се протега од Лариса и Три-кала до Охрид, на југ допираат до рабовите на Отрис и Долапиам, а на исток преку продолжената граница на Пелион, Оса и Олимп; последната се спојува со венецот што се наоѓа зад Верија и Науса и само Воденскиот проод ги дели од голе-мите планини што ги меѓосуваат на југ рамнините на Црна.
На источната граница има само три премини.
1. Древниот Темпе, од Турците наречен премин Баба, низ кој тече Пенеус во должина од пет милји меѓу карпестите планини на Оса и Олимп, оставајќи простор доволен само за тесен пат. Овој премин е од толку опасна природа што е невозможно да го форсира војска во присуство на активен непријател. Ксеикс со својата милионска војска не би се осудил да се обиде за такво нешто, ами поскоро би тргнал по заобиколен пат низ Горна Македонија…за оној што води од вериа за Селфиџе преку поланината Китариус, малку подесно од непристапната клисура, низ која теже реката Бистрица што доаѓа од рамнината Селфиџе или онаа што е на почетокот од Термајскиот Залив.
2. За преминот кај планината Китариус се потребни пет часа, тој е многу пократок и полесен од третиот пат што води од Катерини до Еласона, минувајќи на север преку големите врвови на Олимп, чија височина е тешка за качување.
3. Последниот премин што обично го викаат преминот Петра (?), е еден прилично голем отвор во карпите близу врвот на масивот, каде што некогаш постоел град што се викал Петра (?)….
За време на моето последно патување од Орфана за Воден, одев крај римскиот пат што се вика патот Егнација (Виа Игнатиа) . Истиот во старо време бил измерен и означен со километарски камења по целата должина од Драч па се до утоката на Ебрус. Од Солун до Воден тој минувал низ големата рамнина  при почетокот на Темајскиот Залив во должина  од близу педесет милји, каде што порано биле градовите: Солун, Пела, Едеса и Бероја. Кај Воден, старата Едеса, Виа Егнација влегувал во планините и минувал покрај Островското Езеро од каде излегувал во Битолската Рамнина. Оваа е одделена од рамнината кај Охрид со една планина што се наоѓа на задниот дел од градот. Езерото се простира на околу дванаесет милји до Струга и тука долините повторно ги разделуваат височините во Горна Албанија од рамнините на Драч и Аполонија со планинскиот масив што се наоѓа источно од Елбасан, кој, Цицерон и Страбон а и други древни автори го нарекле Кан-давија.
Според тоа, изгледа дека патот Виа Егнација од Солун до Драч се наоѓаат четири тешки премини: 1. Од Воден за Острово тој врви преку преминот Владова, една многу напорна и тесна клисура што ја посетив, на неколку милји од Воден. 2. Од Острово Тилбери, потребен е четиричасовен од преку планината Курнициова. 3. При преминот од Битолската Рамнина, плавена од реката Ерегон, во полетио на Охрид, древниот Лихнидос, има еден проод од едно пет жаса преку планината штро се наоѓа на задната страна на Охрид од оваа страна. 4. за преминот на планината Кандавија, што се наоѓа меѓу Струга и Елбасан е потребен дводневен од преку врвовите. Овој е најтешкиот од сите четири што ги спомнав и главна пречка за напредувањето на една војска од Драч кон Солун.
Патот од  Солун за Цариград не наидува на пречки се додека не се премине тесниот отвор  при крајот на езерото Бисикија, (во старо време наречено Болбе) кон рамнината Ставрос при завршувањето на Струмскиот Залив. Следниот е и оној кај Кавала, веројатно најзначајниот на целиот тој пат, што го образува  дел од планината Шангдеум и продолжува до морето. Натаму од ова место главни пречки на патот кон Цариград прет-ставуваат премините кај реките Нестус и Ебрус, како и оној кај планината наречена Текир Даг западно од Родосто.
Од горниот извештај за Виа Егнација, Вашето Лордство ќе забележи дека овој пат не само што дава најнепосреден и лесен премин преку копното на Румелија за Цариград, ами минува низ едни од најбогатите предели на Европска Турција, особено рам-нините на Солун и Серез, од кои последнава заедно со соседната област Зикна е прочуена  како најплодородна област во овој дел.
Исто така и полињата на Охрид и Битола, западно од Солун би го снабдиле окупаторот со обилни резерви. Треба навистина да се признае дека, влегувањето во албанските рамнини на запад од брегот би претставувало потежок потфат ако се има предвид свирепоста на тој воинствен народ, кој најверојатно ќе биде голема пречка за туѓата сила, што ќе навлегува оттаму. Меѓутоа, изгледа дека француската влада работи на тоа да ја преброди оваа тешкотија и од неодамна има поставено политички вршител во Скадар, седиштето на владата на главарот, кој своето влијание го има проширено над сите тие воинствени племиња на северна Албанија. Има дури у и извесна причина да се верува дека непријателот одамна ја согледал предноста на овој пат, кој води преку Румелија, бидејќи едно по друго Грците што зборувале со Бонапарта во Трст, кога тој влегол во тој град во 1797 година, ми соопштуваат дека тој ќе ги одржи ветувањата што им ги дал за да им помогне да си ја извојуваат својата поранешна слобода, искрцувајќи четириесет илјади Французи во Авлонскиот Залив.
Ова посмо, мој Лореде ќе го зџавршам со неколку зборови што се однесуваат на политичките прилики во северните краишта на Грција и Албанија.
Целата територија од Србија се до териториите на Али-паша може да се раздели на три провинции:
1. Пределите со кои управува Исмаил-бег од Серез.
2. Потоа северниот дел на Албанија населен со племиња наречени Геги, во кој доминира влијанието на Ибраим-паша од Скадар, и
3. Солунскиот крај.
1. Покрај Али-паша од Јанина, серескиот бег е можеби најмоќниот главар на Европска Турција. Како и Али-паша, неговата власт во областите со кои управува е неограничена; самите области се едни од најплодните во тој дел, а неговото богатство му дава можност да ги искористи во целост и другите предности. За последниве неколку години тој почна брзо да ја зајакнува својата моќ, така што неговата власт сега се  про-шири на север до областите на Софија и Пловдив, на запад до Штип на исток до Ѓумерѓина. На југ, планинските врвови, што ја опашуваат рамнината на Струма, од таа страна, ги делат неговите провинции од Солунската Рамнина. Се претпоставува дека ре-гуларните платени трупи на Исмаил-бег не надминуваат две илјади, иако во дадена ситуација тој може лесно да собере петнаесет до дваесет илади. Овие, како и воопшто турските трупи, се одликуваат со такви особини што ако се извежбаат можат да станат одлични војници, но при сегашната недисциплинирана состојба нив ги сметаат за најдобри за да го држат во покорност разгневеното македонско население, или, пак, да ги користат во герилските судири со соседните глава-тари.
2. Земјата со која управува Ибраим-паша од Скадар, иако не обилува со поволни одлики, ниту е така богата и плодородна како како рамнините на Долна Македонија, раѓа во голема мера такви жилави горјани, од кои се составени најдобрите албански трупи. Многу од нив во северозападниот дел се католици. Се смета дека Ибраим-паша е способен да поведе сила од две илјади души… иако веројатно до таква потреба нема никогаш да дојде, но за заштита на својата сопствена власт и неговата потреба од парични извори не му дозволуваат да чува толкава здружена сила за некој подолг временски период.
3. Солунската област го опфаќа целиот Хакидички Полуостров се до Света Гора, вклучувајќи ги убавите полиња што се наоѓаат на почетокот на Термајскиот залив. Оваа голема земја е сопственост на неколку големосопственици што живеат во градот Солун, каде што сосема беззаконски дејствуваат, така што пашата не претставува ништо, доколку не дојде со доволен број придружници да ја зајакне својата власт. Но ова ретко се случува, поради осиромашеноста на пашите а често износот што тие треба да и го платат на Поратата при нивното назначување обично им оневозможува да се впуштаат во такво нешто.          
Населението на овие провинции кон кои имав чест да му гио насочам вниманието на Вашето Лордство, еднакво е поделено на христијани и муслимани, иако можеби бројот на вториве е поголем, бидејќи многу од Грците, емигрирале за последниве неколку години, а многу од нив ја промениле верата, со цел да ги избегнат ужасните угнетувања што се вршат над рајата.
По провинциите на Солун, Серез и Битола, како и областите на Сариѓол, Карагиоваси, Тиквеш, Карадаф, Орфан, како и многу други области северно од Серес, Јуруците од Халкидичкиот Полуостров, го сочинуваат најголемиот дел од туркоо населе-ние. Овие луѓе живеат во мали издвоени села и во повеќето случаи одгледуваат тутун, што се извесува преку Солун. Тие биле азиски народ што во оваа земја ги доселил султанот Мурат Втори по победата над Солун, на кои им подарил земја за нив-ната служба под услов да му служат шест месеци  со свое сопствено оружје штом ќе ги повикал. Се смета дека тие се во можност да соберат дваесет илјади трупи, но досега нема пови-кано повеќе од две илјади, половината од нив се одредени да одат по границите, а остатокот за Мореа. Јуруците подпаѓаат под посебна власт на еден бег и обично тоа е еден од солунските бегови што го назначува Портата.
Источно од Струма па се до Црно Море и планината Балкан, односот на населението би бил три спрема два во полза на Турците, кога би се зеле предвид големите градови Цариград и Охрид, како и населениет области на Киргила.
Но северно од големиот Хемуски масив и Родопите сите се христијани, со исклучок на населението по поголемите градови на Бугарија.  
Сметав за исправно да ги изнесам овие важни факти во врска со населението на Европска Турција, бидејќи тоа може при донесувањето на заклучок да се смета како една од причините за војната што се води сега меѓу Турците и Русите и веројатно дека не се исклучува навлегувањето на вторите во земјата каде што толкав дел од населението е готово да биде на нивна страна. Само ако се поразмисли, ќе се открие дека тие не ќе наидат на некакава потешка опозиција јужно од планината Балкан, ако успеат да се пробијат низ премините на таа грани-ца.
Зашто единствената сила што може да се доведе против нив би биле распашаните јаничари од Цариград и соседните краишта заедно со азиските трупи, што би можело да се доведат како засилување. Најголемиот дел од најдобрите европски трупи, и оние што сами би дејствувале при спречувањето на напредувањето на напаѓачите, секако дека ќе биде поинаков во дадена прилика. Сите овие главатари што ја здобиле својата сила било преку победа или наследство, нема да се двоумат првенствено да ја заштитат неа, а не да се борат за залудната надеж и да ја поткрепат врховната влада на Цариград.
Особено тоа важи за трите албански везири, кои, штом го видат непријателот толку близу до својот брег, ќе мислат само на концентрирањеро на својата сила за одбрана на својата сопствена власт, и помошта што тие можат да ја пратат не само што ќе биде бавна и недоволна во поглед на бројот, туку и непредводена од одважен водач ќе даде слаб и неефикасен отпор против дисциплинираниот непријател.
Исмаил веќе изрази решителност да не ги следи упатствата што ги прими да тргне напред на граница. А Али-паша, кој во сегашната криза гледа можност за проширување на својата територија како и затврдување на својата независност, изгледа дека има единствена цел да ги заземе некогашните венецијански места на западниот брег и да го прошири она што го добил спрема Мореа.
Муса-паша од Солун, кој поради недостиг на луѓе и пари не ќе си дозволи да покаже некакво противење на наредбите на Портата и без никаква волја се подготвува да тргне на граница како сераскер. Во исто време тој настојува да ја постави солунската батерија во одбрамбена позиција: но нуждата од пари, муниција, топови и артилериски персонал ги прават неговите напори бесполезни. Ете толку е слаба структурата на старата солунска тврдина што не верувам дека сите нивни напори ќе го спасат градот од данок, ако еден или два руски воени кораби пристигната и го побараат.
Од јаничарите од градот кои бројат околу четири илјади, бидејќи се од тие места и повеќето од нив се зафатени со трговија или цивилни занимања, не може да се очекува да и дадат голема помош на владата при одбивањето на странскиот непријател. Но постои можност тие да се послужат со оружје во голема мера за пљачкање и колење на мирната раја ако дојде до операции во оваа четврт од Империјата. Може да се претпостави дека дури и европските трговци, што отвориле дуќани во големите трговски градови, не би биле сосема поштедени од ексцесите на турската војска, во случај султанот да претрпи алармни загуби, но уште повеќе ако некој од другите европски владари, што учествуваат во војната им даде повод на луѓето да посомневаат во еден заеднички план од страна на христијанските земји, при што би ја исклучиле Турската Империја. Јас ги спо-мнуван овие забелешки, бидејќи на оваа работа во Солун и окол-ните места во Македонија и се придава значителна важност.
Имам честа да бидам…
Вилијам Мартин Лик”
Публиц Рецорд Оффице-Фореигн Оффице 78/57,
Британски документи…, т.I, док.27, стр. 37-43; Лорде,…
…одлучив да продолжам преку источните краеви на Румелија, зашто се уште не сум ги видел и во почетокот на септември, отка

Пронајдете не на следниве мрежи: