Борба нè чека, борба за слобода!

Момци наредени, моми накитени, борба ќе одат, борба за слобода. Борба за слобода, за Македонија, за Македонија, земја поробена.А бре Македонче, каде се спремаш, борба те чека, борба за слобода. Бевме деца, не знаевме толку јасно што се случува, но можевме да ја почувствуваме тагата на сите собрани, кога ја пееја песната и ечеа стиховите “нека разберат клетите душмани, Македонско име нема да загине”. Пред 25 години во војната во бившата држава почина млад македонски војник, а народот спонтано се собра на плоштадите ширум Републиката, пеејќи ја гореспоменатата песна и палејќи свеќи. Вечна памет. Години подоцна, сеуште бевме деца и со страв ги гледавме вестите во кои се кажуваше како Американците ја бомбардираат Србија додека секојдневно го слушавме татнежот од авионите кои поминуваа низ нашето небо. Неколку години по тоа, веќе средношколци, сведочевме за маката низ која поминуваше целиот наш народ, а за многумина од нас првите погреби на кои сме биле беа оние на убиените припадници на Македонската полиција и армија. И покрај церемониите и присуствата на дел од тогашните државни големци, јасно знаевме дека тие батковци, чичковци, нечии татковци, загинаа за да нè одбранат сите нас, иако некој друг кој ги влече конците нема да дозволи така лесно мирно да живееме во сопствената држава. Сега, петнаесет години по злокобната 2001ва, веќе со години не сме деца, и ние сме генерацијата која ќе треба да ја брани, заштити, а кога ќе дојде времето – и од ново да ја гради независната и суверена Република Македонија. Затоа што темелите на она што го нарекуваме држава одамна се лабави, а ѕидарите на истата покажаа и докажаа дека немаат знаење ниту пак човечност за да го зајакнат храмот на Македонците – Републиката.

Се поставува прашањето – дали сме свои на своето? Македонија си е нашата чудесна земја, но системот кој што нè владее, очигледно – никогаш не бил наш, на народот. Како потпора на ова тврдење може да се земе неконтролираниот пазар, производство, вреднување на трудот и еднаква можност за чесно и достоинствено заработување на приход со кој би живееле како нормални луѓе, наместо едвај да крпиме крај со крај. Како дополнување на ова се “поголемите од надвор”, “странските служби”, “чадори”, “непријатели на древната Македонија” и внатрешните предавници, кои веќе две и пол децении ги разнишуваат и онака лабавите темели на “независната и суверена” Република. Дали Македонците се премногу учтиви и љубезни домаќини или пак имаат постојано чувство на инфериорност пред претставниците на големите држави, унии, организации и групации, ќе покаже историјата. Дали истите “големи сили” и сторија нешто на историјата, па народот талка во маглата на егрегорниот филм и си го бара сопственото потекло, ќе оценат генерациите кои допрва ќе дојдат. Системот не е народен затоа што она што ни се претставува како демократија, погледнато од езотериска точка наликува на демон кратија, односно владеење на мрачни сили. Меритократијата – систем во кој секој го работи она за кое што има соодветно образование/знаење, искуство и капацитет, како да не сакаме да дојде, затоа што многумина се чувствуваат комфорно во секојдневниот хаос кој ни ја цица не само енергијата, туку и нè омаловажува на скоро сите возможни начини. Па, Народе Македонски, со какви идеи сме? Ќе се ослободиме ли од јаремот на ропството и ќе ги скинеме ли за’рѓавените пранги па слободни ќе тргнеме кон совршенството, или пак ќе си останеме робови на некои невидливи сили, за кои упорно нè убедуваат дека не ни мислеле добро, а нашите претставници тешко се справуваат со истите?
Доколку властодржците се грижеа за Македонскиот народ на ниво соодветно на еволутивниот стадиум до кој сме стигнале, дали ќе имавме толкави проблеми, за кои упорно ни се вели дека се предизвикани од “поголемите од надвор”? Ако оние кои решаваат за стратегијата и правецот во кој ќе се движи Република Македонија го имаа во предвид потенцијалот на Македонците, трудољубивоста и вечниот копнеж да си бидат свои на своето, во независна и суверена Република, направеа сè што е возможно, дури и да е недозволено според нивните пријатели од надвор, за народот досега да си живееше достоинствено на сопствената земја. Земјата каде што со илјадници години некој живеел, земјата која има доволно капацитет не само за да си го прехрани сопствениот народ, туку и да биде вистински пример во новиот светски поредок. Иако одредени структури од време на време ја исфрлаат тезата дека Македонците биле мрзливи и не им се работело, реалната ситуација покажува нешто сосема друго – ешалоните на истите тие структури кои се наоѓаат на врвот од лабавата пирамида на Републиката, се всушност оние кои “клатат врати и земаат плати” и ги уживаат удобствата кои поради ваква или онаква заслуга ги добиле од нивните претпоставени, па со голем дел од семејствата ги уживаат удобствата на системот и парите на народот. А обичниот Македонец зема кредити за да си го прехрани семејството и да си ги образува децата, се мачи ама успева да ги скрпи краевите на битисувањето од ден за ден и вака или онака – преживува, но многу ретко ужива во сопствената земја. Со секое менување на власта се покажува вистинското лице на претставниците на демонкратијата, па сведочиме за различните ешалони кои постојано ги менуваат нивоата на државната пирамида, но ретко остануваат без парче од државниот колач. А обичниот народ продолжува да биде влијаен од центрите за пропаганда, која најчесто е гадна и толку валкана, што го закочува не само спиритуалниот, туку и целиот развој на Македонецот и општеството во кое живее. Темелите на Републиката се разнишани, пирамидата е ѕидана на сила, а со сила убавина – не бидува.

Ако оние кои упорно ги играат улогите во куклената претстава беа вистински народни луѓе, дали ќе имавме толкави проблеми од “надвор”, или пак истите непријатели ќе беа предизвикани до толкава мера, за борбата да се случи еднаш и да се реши кој е газда на оваа држава – политичарите и модерната буржоазија или напатениот, но силен Македонски народ? Годинава сведочиме на јавно исфрлање на тези во кои се вели дека доколку не застанеме на браникот на “едните” или “другите”, ќе сме ја изгубеле државата? Па, почитувани – народот си ја љуби земјата и државата, но никогаш не Ве љубел Вас – кои се претставувате како “богоизбрани” и “народни луѓе” додека си играте со егрегорите и разно – разните центри на моќ. А народот не сака богатство и пари, туку слобода и човечки правдини.

Народе Македонски, со какви идеи си ти?
Древната Македонија ја дочека својата независност во новиот свет некаде кон крајот на дваесеттиот век. Десетте години од претходниот милениум поминаа во магла, како за граѓаните, така и за државата. Војната во почетокот на новиот век го зголеми стравот, и иако жртвите од истата загинаа за Македонија, голем број од нивните другари денес или се на маргините на општеството, или надвор од државата, а оние кои беа од спротивната страна се во парламентот или по државните институции. Парадоксот на Републиката во која се создадоа општествени слоеви на богати, сиромашни и иселени. Илузијата на официјалната историја на библиската Македонија и проклетството од апокрифните текстови и тајните списи. Благословениот древен народ и модерниот начин на живот. Спротивности кои никако да се избалансираат. Безбедни од зборовите независна и суверена и заспани уште од поранешната југословенска…
Доста Е, разбуди се, свести се – не спиј ти!

Никола Ристевски, ЛОЗА 2016
Извор ЛОЗАА бре Македонче, каде се спремаш, борба те чека, борба за слобода. Бевме деца, не знаевме толку јасно што се случува, но можевме да ја почувствувам

Пронајдете не на следниве мрежи: