ПРОПАГАНДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА!

ПОЛИТИКАТА НА БУГАРСКАТА ВЛАДА СПРЕМА МАКЕДОНИЈА: ВО ПРОСВЕТНАТА ПРОПАГАНДА,КНЕЖЕВСКАТА ВЛАДА ТРЕБА ДА ВРВИ РАКА ЗА РАКА СО ЕГЗАРХИЈАТА (1882 година)ПОЛИТИКАТА НА БУГАРСКАТА ВЛАДА СПРЕМА МАКЕДОНИЈА: ВО ПРОСВЕТНАТА ПРОПАГАНДА,КНЕЖЕВСКАТА ВЛАДА ТРЕБА ДА ВРВИ РАКА ЗА РАКА СО ЕГЗАРХИЈАТА (1882 година)
(На првата страница од овој документ, со сопствена рака бугарскиот кнез напишал: “ Одобрено -Александар”)
“ Извештај до Неговото Височество Кнезот.
Од преродбата на бугарската народност до денес, се гледа, дека една особено непријатна судбина ја следи Македонија. Еден од најдобро надарените делови на бугарската етнографска територија, Македонија, секогаш имала несреќна судбина. Тукуш-то се рашири идејата на народностите, а елинизмот ги фрли сите сили  на Македонија; грчките владици и елинските емисари не оставија неупотребено средство за да избришат секаква трага од бугарската народност во Македонија. Бугарското црковно прашање се реши, но за Македеонија, што беше главниот предмет на расправата, не беше можно да се испратат архипастири и тамошното население и до денес уште чека за да ги добие своите родни владици.
Прашањето за политичката слобода се реши. Но Македонија пак не можеше да влезе во ветената земја. Кога беа веќе определени луѓето на окупационата администрација и војските што требаше да го заземат тој дел од Сан-Стефанска Бугарија, судбината, во формата на Берлинскиот конгрес го запре ослободителното дело на Русија.
Архимедовиот пункт на бугарската народност, па и на целото Источно прашање  денеска лежи во Македонија. Ако нашите индиции не неж лажат, за Македонија и во Македонија ќе се разигра последниот акт на источната драма и бидејќи прашањето ќе се реши со силата на оружјето, тоа се зависи кој ќе биде побрзо на местото и со кого ќе биде населението. Австрија, поттурнувана од Германија по патот се повеќе се словенизира и по таков начин да служи како нов центар на привлекување на словенските народности, ја одбра Македонија за објект на свите акции и грижи. Таа ја гони целта преку својата железничка  политика,  која го има за цел Солун и преку католичката пропаганда, која е под заштита на австриската влада.
Успехот на оваа пропаганда е неверојатен: цели окрузи ја прифаќале унијата. И тоа, се разбира, многу лесно, зашто католичките мисионери ја носат со себеси ефикасната конзулска заштита од турските произволности. Турците добро знаат дека неправославниот Бугарин не е опасен, та затоа и не го мачат, а ако случајно му направат нешто, тоа  конзулот го штити како свој поданик.
Австро-католичката пропаганда е раширена особено во северниот дел на Македонија, во санџаците Скопско-Дебарски и Битолски со окрузите: Скопски, Тетовски, Гостиварски, Штипски, Кумановски, Кратовски, Кочански, Кичевски, и Дебарски; исто така и во целиот Солунски санџак.
Од друга страна елинизмот има одамнешна претензија кон Македонија. Овие претензии дадоа решавачка причина за она што бугарското црковно прашање најде толку мачнотии и скоро непреодливи пречки и најодзади се сврши со шизма.
Грците ги имааат како свои најактивни агенти своите владици; дури може да се рече, дека главната задача на тие црковни пастири во последно време била пропагандата на елинизмот. Притоа, познато е живото и енергично учество што грчкото општество со своите друштва (силогоси) земало во елинизацијата на Македонија; милиони се трошеле и се трошат за да се погрчи Македонија; се отворале училишта и се отво-раат постепено; учители и учителки наситени и фанатизирани со идејата за величината на елинското племе, се испраќаат и во најзафрлените села, момчиња и моми се воспитуваат бесплатно. Целата оваа пропаганда е олеснета прилично со последното на-големување на територијата на елинското кралство. Денес Грција се наоѓа на границите на Македонија; а ова е за нас дотолку поопасно и поважно, бидејќи при прво европско раздвижување, Грците ќе ги покренат своите претензии за Македонија и ќе можат дури лесно да ја преземат, додека ние Бугарите ќе имаме да ја бараме Тракија, Македонија и Одрин-скиот вилает, нешто што при тоа неж поставува во една доста тешка и нееднаква положба.
Особено се силни елинските агитации во јужниот дел на Македонија, во Солунскиот, Серскиот и во дел од Битолскиот санџак со окрузите: Солунски, Воденски, Ениџенски, Лерински, Кајларски, Костураски, Дојрански, Струмски, Серски, Мелнички, Петрички, Зихненски, Демирхисарски и Драмски.
За да биде сликата точна, треба да се спомне и за српската и романската пропаганда во Македонија; иако за нив во последно време се крена голема врева, не може да се смета за нешто сериозно. Романците сакаат просто да си створат едно орудие во рацете, а можно е да се подготват и на идни веројатни компензации. Српската пропаганда е многу поважана. Таа се базира врз историските преданија;…
Под овие услови, кога погледнеме малку понадалеку и си ги претставиме разните етапи од нашата народна политика, нема ни најмалку сомнение дека прашањето за Санстефанска Бугарија, прашањето за претворањето на етнографските граници на бугарската народност политички не е ништо друго, туку прашање за Македонија. А денес за Македонија, предвид на тоа нејзино значење е изложена на овие влијанија: на австриското влијание кое работи преку конзуската јурисдикција, преку католичката пропаганда и преку својата железничка политика на елиногрчкото влијание кое дејствува преку грчкото православно свештенство, преку грчките друштва, училиштата и литературата и преку блискоста на грчкото кралство, т.е. преку влијанието на една слободна христијанска влада; најодзади, српско-романското вли-јание коешто делува преку конзулската заштита и преку училиштата и учителите. А самото население во Македонија, измачено морално и материјално, згмечено од турската власт и подвргнато на најнечовечки притисоци и неправди, се разбира, дека е готово да оди таму каде што надежта за една посилна иднина му се гледа најблиска и најостварлива. Таква е положбата на бугарштината во Македонија. Се прашувам сега каква е должноста на слободна Бугарија кон таа положба? Што треба да врши владата на Вашето Височество за да може да ја исполни барем за бугарската народност улогата што ја исполни Пиемонт за италијанската народност?  За да може да се пос-тигне таа цел, нужно е сето население во Македонија да се убеди дека владата на В. Височество води општонародна бугарска политика, дека Кнежевството е најприродниот и успешниот активен заштитник на Македонија, дека болките на Македонските Бугари наоѓаат братско сочувство и лек, со еден збор, секој Македонец треба да проникне во мислата дека во Софија се грижат за неговата судбина, за неговата сегашност и за неговата иднина. Кај Македонските Бугари треба да се раз-вие чувството на народносно самосознание, мало и големо треба да знае дека е од бугарска крв и да се гордее со тоа. Само кога ќе го достигнеме тоа, можеме да кажеме дека бугарската народност во Македонија е осигурена, дека акциите на туѓите пропаганди се веќе запрени. Штом се постигне овој резултат, ќе треба тогаш со време да се разбереме и да се погодиме со Цриградската патријаршија, зашто и тоа толку деликатно прашање ќе се пренесе од политички на црковен терен.
За остварувањето на оваа цел ние треба да ги исползуваме овие средства: 1. просветата (училиштата), во најшироки размери; 2. една добра организација, која ќе неж држи во тек на сите работи во Македонија и да е во состојба во еден момент незабавено и успешно да ја пушти во дејство по цела Македонија и Албанија една заповед што би дошла од кнежевската влада; 3. кога ќе се поврзе мрежата на бугарските железници со македонските. Од само себеси, се разбира, дека при исполнувањето на оваа програма кнежевската влада треба да врви рака за рака со Егзархијата. За да се олесни оваа заедничкосолидарна активност, владата на Вашето Височество прими, во последните изработени некои црковни обреди, кои го осигуруваат материјалното постоење на Егзархијата и даваат можност без пречки да ја исползува својата задача.
Кога оставам друг пат да се вратам на средствата укажани под бр. 2 и 3, за денес сакам да се запрам само на прашањето за училиштата, зашто тоа заслужува најсериозно внимание. Одвај минатата година, со отпуштањето на 100.000 лева за македонските училишта владата почна да се занимава посериозно со ова толку животно прашање. Оттогаш и до денес, училиштата не престанувале во Македонија и во Одринскиот вилает да претставуваат една од најголемите грижи на владата на Вашето Височество. Бидејќи овде се работи за позначајни суми…не еднаш се поставило умесното и законското прашање: како ќе се трошат отпуштените од кнежевската влада пари за Македонија и Одринскиот вилает? а) владата сама да го раководи училишното дело во Македонија со сите негови ситници. Овој предлог се покрена како реакција на исклучителното управување од Егзархијата. За таа цел, на 11 август 1882  год. се изработи еден правилник од една комисија. Според овој правилник, сето училишно дело му се даваше на едно попечителство (комисија) од 5-7 лица назначена од министерот за народна просвета… Како дел од овој проект може да се смета проектот да се испраќаат паричните помоши што кнежевската влада ги отпушта за Македонија и Одринскиот вилает, право до општините преку руските конзули во Македонија, проект кој како што се гледа се препорачува и од императорското (руско, н.б.) министерство за надворешни работи.
…јас не можам да признам дека овој начин на работа е практичен и применлив. Целта на Владата на Вашето Величество е да разбуди и да развие кај населението во Македонија чувство на народно самосознание; а едно од главните средства за постигнување на таа цел и за успехот на училишното дело во Македонија е да се заинтересираат сами општините за своите училишта; затоа треба ним да им се стави како иницијативата така и полната слобода во уредувањето на училиштата, се разбира да се потчинуваат на една општа програма, која ќе ја изработи светата Егзархија и која треба да е во сообразност со постојните училишни програми во Кнежевството. Помошта што кнежевската влада им ја дава треба да оди директно и да дополнува кај што недостасува, зашто инаку, ако општините почнат да чекаат сеж од владата, сеж ќе пропадне.
Освен оваа општа сообразност треба да се додаде дека оваа помош што им се дава на македонските училишта ќе носи полза и ќе биде возможна само ако турската влада не знае и ако не се сомнева во тоа: значи, ако делото се води од софиското по-печителство тоа таа тајна бездруго, во многу кусо  време ќе се разбере и резултатот од тоа не е само што ќе настрадаат многу лица туку и самото дело ќе се компромитира. За жал, можат да се приведат докази во поткрепа на ова што го тврдам.
Најпосле едно попечителство…, кое ќе е составено од лица кои живеат во Софија, кои веројатно одамна не биле во Македонија и Одринскиот вилает, одвај ќе имаат достатно податоци за да направат нешто практично и корисно, за да може да се најде погоден човек за погодното место и да направи сеж наместо и навреме.
Поради тие причини, наоѓам за поцелисходно да иж се довери на Егзархијата сето тоа дело. Бугарската егзархија беше голем чекор во нашиот развиток; денес таа го претставува единството на бугарскиот народ и сосема е правилно кнежевската влада да се ползува со тој фактор, со таа сила на бугарскиот народ. Егзархијата, по својата положба и врски најдобро е поставена за да може да го раководи делото на народното разбудување во Македонија и Одринскиот вилает. Таа и без тоа е во врска со разни општини, ја знае нивната положба, нивната материјална сила и затоа ќе може да им дава во правилна мера она што им треба; а бидејќи и по егзархискиот устав таа не само што има право туку и се даваат и средства за да го врши тоа, така и турската влада не ќе има причини да се сомнева и не ќе пречи; дури, преку создавање совет за просвета во секој еден вилает. Кога иж го ставаме ова право на Егзархијата, ние и го поткреваме нејзиното значење, и го наголемуваме угледот, а тоа ќе му ползува на целиот бугарски народ.
Се разбира дека врховното водење ќе и припаѓа на владата на Вашето Величество; таа ја води нашата народна политика и, следствено, нејзиниот глас е решавачки во сите основни прашања. Како последица на овој принцип, право е на кне-жевската влада пред сеж да бара од светата Егзархија оваа да обрне особено внимание на лицата што се испраќаат за учители; тие не само што треба да го учат младото поколение, но главно да го воспитуваат во патриотски дух; тие треба да внесат во своите воспитаници и во целотот население идеја дека Вие Вашето Величество сте господар на целиот бугарски народ, подновител на претстолот на бугарските цареви и оти во Ваше лице ќе се изврши обединувањето на бугарскиот народ. Како што се сите мисли и стремежи на Евреите свртени кон Ерусалим, така треба уште неослободените Бугари да гледаат на Софија. Во тој однос сета работа лежи на учителите; од нивниот одбор зависи еднодушноста на стремежите и единството во мислите на целиот бугарски народ или пак политичкиот и моралниот разврат и пропаста.
Што се однесува до начинот по кој Егзархијата би требало да дејствува, мислам дека е најдобро да се состави при самата Егзархија едно попечителство што ќе го води училишнотот дело или воопшто народното дело во Македонија и Одринскиот вилает. Претседател на ова попечителство треба да е Неговото Блажен-ство егзархот, а неизбежни негови членови -претставникот на Вашето Височество во Цариград и еден од синодалните архиереи на кнежевството… Кнежевската влада ќе ги дава сумите што ги отпушта на располагање на тоа попечителство, кое ќе ја раздава помошта на општините и ќе иж дава редовен извештај на владата на Вашето Величество.
…Што се однесува за односите по тоа прашање меѓу кнежевската влада и светата Егзархија, најкорисно ќе биде да се земат за подлога членовите 1, 2, 4, 5, 6, 8, 9 и 10 од правилникот што го изработи мојот претходник и што го одобрило Вашето Височество на 13 јануари 1882 год.
Чл. 1. Оние пари што ги отпушта државната благајна за издршка на бугарските училишта во општините надвор од кнежевството, односно во Одринскиот вилает  и Македонија  се даваат од Министерството за просвета преку Бугарската егзар-хија и се означуваат на името на Неговото Блаженство егзархот.
Чл. 2. Отпуштените за гореназначената цел пари ќе служат за плаќање само на учители и учителки, за поправка и изградба на училиштата и за кирија на училишни згради.
Чл. 4. Кнежевската влада отпуште 30 стипендии за Бугарчиња и од двата пола од горните места за да се учат  во повисоките државни училишта во Кнежевството. За стипендисти се примаат само такви ученици и ученички што го завршиле курсот во оние училишта надвор од Кнежевството кои ги издржува Егзархијата.
Чл. 5. Егзархијата поднесува редовна и точна сметка за употребата на добиените пари и тоа не подоцна од три месеци по примањето на добиената сума. Сметките ги потпишува НБ егзархот и ги поткрепува со оправдувачки документи. Овие треба да го содржат името и презимето на лицето кое ја добива платата…, потписи на двајца членови од општината во која се наоѓа училиштето издржувано на овој начин и печатот на општината.
Чл. 6. Егзархијата претставува секои шест месеци опширен извештај за своите акции и издршката на училиштата на кои им се дава помош. Тој извештај опфаќа…
…Управата и надзорот над училиштата на бугарските општини надвор од Кнежевството, бидејќи му е доверена на Неговото Блаженство егзархот, тој лично е одговорен за сите суми што ги отпушта за таа цел кнежевската влада.
Освен тоа, да се одбележи во чл. 2, 4, 5, 6, 8 и 9 дека Неговото Нлаженство работи заедно со  гореспомнатото попечителство. Притоа, за нужно сметам да потврдам уште еднаш за потребата да им се остави што поголема самостојност и иницијатива на општините, следствено и соодветна одговорност, морална и материјална, без  да се скратува надзорот над Егзархијата и попечителството. Како последица од горекажано-то, една од најпрвите грижи на Егзархијата треба да биде организирањето, врз основа на егзархискиот устав, сите општини во Македонија и Одринскиот вилает еднообразно и тогаш така да се дејствува преку нив.
На овој начин мислам дека ќе може најуспешно да се нареди и да тргне напред и народното дело во Македонија и во Одринскиот вилает. Владата си го запазува нужното влијание и законскиот надзор во целото ова дело, а и самото дело се поставува на една здрава основа од која може да дејствува полесно и без пречки.
Најпосле, се подига само по себе прашањето за големината на помошта што Кнежевството може и треба да ја даде за издршката на училиштата во Македонија и во Одринскиот вилает.
Во првите буџети Кнежевството отпушта само 30.000 лева, сума скоро смешна кога ќе ги земе човек предвид неопходните потреби и жртви што ги прават нашите непријатели.
По молба од Неговото Блаженство Егзархот, Вашето Височество благоволи да ја поткачи…таа сума на 100.000 лева.
…Со еден извештај на Егзархијата од 28 јуни 1882 год. во минатата учебна година се издржувани 70 учители и 11 учителки… Егзархијата бара за идните учебни потреби по 170.000 годишно… Согласно ова барање министерството, кое ми го поверивте, предвиде во буџетот за идната година, под заглавие: „Егзархиско право” 200.000 лева кои се определени за училиштата во Македонија и Одринскиот вилает…
Најпосле Неговото Блаженство со едно писмо бр. 702 од 25 ноември 1882 год. испратено до Министерство за надворешни работи и верата препраќа еден точен и детален буџет на сите суми што ги смета светата Егзархија нужни за успешното спро-ведување на учебното дело во Македонија… Овој буџет зафаќа од учебната 1883/1884 год., а за таа година изнесува 517 948 лева; во учебната 1884/1995 тоа количество се поткачува на 574.864 лева… Се претполага со оваа сума да се издржуваат во Македонија и Одринскиот вилает 111 училишта, заедно со нужни-те стипендисти и економски пансиони. Бројот на издржуваните учители ќе биде во првата година 137 учители и 37 учителки, а во третата 150 учители и 42 учителки, т.е. 192 учители и учи-телки. Се преполага овие училишта да се распределат на 72 разни места: во Солунскиот санџак на 20 места, во Серскиот санџак на 13 места; во Битолскиот на 20 места; во Скопскиот на 10 места и во Одринскиот на 9 места. Стипендистите и пансионерите по разните училишта ќе бидат 580 од кои 60 уче-нички им се паѓа 135.000 лева годишно. На тој начин ќе може да се издржува една полна гимназија за цела Македонија во Солун  едно женско четирикласно училиште; по едно во Скопје, Серес, Битола и Струмица; во Скопје и Серес по едно четирикласно женско училиште; во Воден и Куманово по едно трикласно учил-иште. Во другите градови – по двекласни, еднокласни или само одделенијата.
Ваше Височество, по едно опширно изучување на спомнатиот буџет наоѓам дека некои од цифрите се земени доста високо и можат да се ограничат без да настрада делото, сматам дека платите на учителите им се многу високи. Надвор од тие не-колку неопходни и правични скратувања сметам за народен долг да иж спомогне Кнежевството на неослободена Бугарија. Тоа не е само еден народен долг туку една мудра политичка постапка; зашто со тоа се привлекува и Македонија со Одринскиот вилает во кругот на дејствувањето на кнежевската влада.
…Од тие сообразности јас повторувам дека нашата должност е да ги отпуштиме бараните суми од Егзархијата за училиштата во Македонија и Одринскиот вилает.
Тоа се, Ваше Височество, моите погледи врз народната политика политика на кнежевската влада. Овие погледи ги делат моите соработници во министерскиот совет.
Ако Вашето Височество ги одобрува овие мои предлози, го молам да го потпише овој извештај и со тоа да ме ополномошти да ги земам нужните мерки, заедно со г.г. народни пратеници, за да ја стават во дејство горе сложената програма.
Сум Господару на Вашето Височество, најпокорен слуга и верен поданик:
Министер за надворешни работи и на верата
 К. Стоилов”  ПОЛИТИКАТА НА БУГАРСКАТА ВЛАДА СПРЕМА МАКЕДОНИЈА: ВО ПРОСВЕТНАТА ПРОПАГАНДА,КНЕЖЕВСКАТА ВЛАДА ТРЕБА ДА ВРВИ РАКА ЗА РАКА СО ЕГЗАРХИЈАТА (1882 годин

Пронајдете не на следниве мрежи: