Неверојаниот збир на енергии, суперлативите кои ги опишуваат гитарските рифови и моќните удари на тапаните, надополнети со „шутките“ на публиката желна за забава за жал не се дел од оваа рокенрол приказна, само поради една вест, една тажна вест која пред четири години за момент го обиколи светот.Трајко Каров, легендата на кавадаречката и македонската рокенрол сцена, човекот на кој рокенролот му беше живот, брат, најдобар другар, неразделив цимер, животен сопатник и вечна инспирација замина за навек, и тоа од неговото омилено место, од големата сцена, седнат зад тапаните кои за него беа истото што и рокенролот.
Трајко е само уште од низата на славни имиња кои потекнуваат од фамилијата Карови, а за неговото дело на кратко раскажува неговиот брат, Бубо. „Трајко е можеби еден од ретките кои свиреа со речиси сите имиња кои што се појавиле на македонската рок сцена, почнувајќи од „Трн во око“, битолските „Мадригали“, „Триангл“, „Автограм“ па се до „Студени нозе“ и неговиот последен проект „Багаж“.
„Но Трајко не беше само музичар, туку и голем пријател. Не можам да се сетам на некој на кој Трајко не му помогнал, независно дали тоа беше за да се обезбеди студио, дали да се снима песна, да се подели совет, или пак на некој кој тргнал да ја освојува големата сцена. Дури и ние како „Токму така“ дебито го имавме како предгрупа на неговиот бенд, и всушност тоа фактички не лансира на музичката сцена“ – продолжува тој.
Четири години подоцна, идеалот на Трајко Каров, човекот кој не само што со своите песни ја задолжи македонската рок сцена, туку и остави неверојатен број на свои ученици, следбеници и рокери сеуште живее, и тоа преку во моментот единствениот демо фестивал во земјата, „Т’к Так Фест“.
„На тринаесте бендови кои во претходните две години настапија на фествалот, годинава ќе им се придружат уште седум нови, со што ја продолжуваме идеологијата на патронот на фестивалот за промоција на бендовите кои тешко „излегуваат“ од „гаража““ – вели Марко Матиев, член на организациониот одбор на Т’к Так Фест. „Нам како организатори ни е чест и задоволство што имаме можност на еден ваков начин да му оддадеме почит на човек кој е легенда во секоја смисла на зборот, не само на Кавадарци, туку и на Македонија“ – завршува Матиев.
Идејата на Трајко, и неговите следбеници за промоција на младите бендови и нивната авторска музика ја препознаа и голем број компании, меѓу кои е и индустрискиот гигант „Фени Индустри“ кој годинава е генерален покровител на настанот.
„Фени Индустри на многупати се покажа како општествено-одговорна компанија давајќи поддршка на бројни спортски, културни, образовни, инфраструктурни и други проекти. Оваа година со задоволство ја даваме нашата поддршка на фестивалот „Т’к Так“ кој е од музичко културен карактер, и кој има за цел промоција и поддршка на млади бендови, а истовремено и нуди забава за младите од Кавадарци, од регионот, а зошто не и од целата Македонија“ – вели господинот Никола Ризов, заменик генерален директор во Фени Индустри.
Поддршките доаѓаат и од легендите на македонската рок сцена, кои несомнено и на ова трето издание ќе бидат дел од фестивалот, дел од нив како гости, а дел од нив како членови на жири комисијата на фестивалот, која ќе ги одлучи победниците на фестивалот, но и добитникот на Гран При наградата, „Трајко Каров“, која ја доделува фамилијата Карови.
Сепак, главната поддршка на идеологијата на Трајко Каров, но и на младите бендови треба да ја даде публиката, публиката која ќе биде главниот критичар за нивната досегашна работа, но и за одредување на патоказот на нивните кариери.
За крај, само мало потсетување. Третото издание на „Т’к Так Фест“ ќе се оддржи 30 август, на градскиот базен „Ал Пачино“ во Кавадарци, со почеток од 21 часот, а покрај демо бендовите, во ревијалниот дел публиката ќе има можност да ги види и слушне „Џоа бенд“, „Репортерс“, „Ептен“, „Нокаут“, DJ Freak, DJ Lako и најголемиот шоумен во земјава во моментот, Сашко Коцев.Трајко Каров, легендата на кавадаречката и македонската рокенрол сцена, човекот на кој рокенролот му беше живот, брат, најдобар другар, нераздели