Можностите за решавање на грчко-македонскиот спор околу името се најлоши во последниве 18 месеци, а за да се дојде до решение ќе мора да има интервенција на САД и водечките сили во Европа – посочи премиерот Никола Груевски во интервју за Financial Times, пренесува Република.Тој нагласува дека грчката и македонската влада направиле одреден напредок кон компромис, кога беше премиер на Грција беше социјалистот Јоргос Папандреу во Атина од 2009 до 2011 година, но овој напредок отишол во обратна насока по доаѓањето на конзервативецот Андонис Самарас на функцијата во јуни 2012 година.
-Ситуацијата може да биде деблокирана ако Грција дојде под притисок од земји како САД, Германија и Франција. Но, ако не дојде до ова, тогаш тоа нема да се случи – изјавил Груевски за Financial Times. Како што пишува Financial Times, Груевски вината ја префрлил врз Самарас, обвинувајќи го дека заземал „една од најрадикалните позиции што Грција воопшто ги имала во историјата на проблемот”. Оваа расправа ја парализира интеграцијата на Македонија во безбедносните и економски структури во Европа, односно Грција ја блокира младата држава да влезе во НАТО и Европската унија (ЕУ). Македонија е кандидат за прием во ЕУ од 2005 година, но формалните преговори за членство никогаш не започнаа, пишува Financial Times.
Во исто време соседите на Македонија, особено Бугарија и Грција, гледаа со загриженост како Никола Груевски, премиерот од 2006 година, и неговата владејачка партија имаат прифатено поостар национализам, кој ги величи Македонци на сметка на етничките малцинства во државата, пишува британскиот весник
Понатаму, Financial Times забележува дека контроверзниот архитектонски редизајн на Скопје, главниот град на Македонија , вклучува колосални статуи на Александар Велики и неговиот татко, Филип II Македонски , кој се слават како симболи на новата држава, за сметка на бесот на Грците, кои ги почитуваат како старогрчки херои.
Според Financial Times, Груевски негира дека проектот, кој е познат како Скопје 2014 и чија цена наиде на неколку стотици милиони евра, бил одговорен за засилувањето на грчкиот став во спорот со името.
„Откако ја создадовме нашата сопствена земја, мислевме дека ќе биде добро да се има 20 или 30 статуи на луѓе од нашата историја. Нашата идеја никогаш не беше да се предизвикаат проблеми со Грците”, изјавил Груевски.
На прашањето каков притисок би сакал тој да види над Грција, Груевски рекол дека големите сили треба да ја потсетат Атина дека Меѓународниот суд на правдата, не мешајќи се во спорот со името, донесе одлука во 2011 година дека Грција не била во право кога ја блокирала апликацијата на Македонија за членство во НАТО три години претходно, пишува Financial Times.
„Би сакал да видам притисок кој ќе води во насока на почитување на одлуката на МСП. Барам почитување на меѓународното право. Инаку, што е тогаш поентата на судот, и што е поентата на меѓународното право?”, запрашал македонскиот премиер.
Најновите предлози за решавање на спорот за името беа изнесени во април од страна на Метју Нимиц, американски дипломат кој служи како специјален претставник на ОН за ова прашање. Тој посочи дека државата треба да оди со името „Горна Република Македонија” во мултинационалните односи, но дека земјите би можеле да го користат терминот Република Македонија во билатералните односи со Скопје, ако тие тоа го одбрале.
Овие предлози беа одбиени од страна на Грција, која јасно стави до знаење дека сака едно име за сите примени и инсистираше на идејата на Република Горна Македонија, но овие предлози се покажаа како неприфатливи за Груевски и неговата влада, заклучува Financial Times.Тој нагласува дека грчката и македонската влада направиле одреден напредок кон компромис, кога беше премиер на Грција беше социјалистот Јоргос Папа