„Скопје 2014“ освои награда за најдобар ТВ спот

„Скопје 2014“ освои награда за најдобар ТВ спотПромотивниот филм „Скопје 2014“ освои Golden Award – прво место за најдобар ТВ спот во најпрестижната категорија на спотови за  промоција на земја, регион или град на Интернационалниот Филмски Фестивал за Туризам „BITFF“ https://www.bitff.az/. На фестивалот кој за прв пат се одржа од 20 до 24 ноември во Баку, Азербејџан, сребрената награда му припадна на промотивниот спот за Салцбург, Австрија, додека бронзата на промотивниот спот за Азербејџан.
Фестивалот, организиран од Министерството за култура и туризам на Азербејџан, има за цел да промовира филмови за различни аспекти на туризмот, да ги идентификува најуспешните филмови кои промовираат домашен и меѓународен туризам и да ги промовира нивните автори

Филмовите ги оценуваше жири составено од меѓународни кинематографи, како и експерти за патувања и туризам. Освен натпреварот, фестивалот исто така вклучи семинари, дискусии и размена на искуства помеѓу филмаџиите, експертите за туризам и за медиуми.
Наградениот промотивен филм „Скопје 2014“ е креативно дело на агенцијата Омега Комуникации, а е изработен во продукција на Кино Око и во режија на Дарко Митревски, како дел од проектот Macedonia Timeless на Владата на Република Македонија. Ова е втора меѓународна награда за ТВ спотот за „Скопје 2014“ кој исто така освои трета награда на интернатионалниот фестивал „Загреб Филм Фестивал“Промотивниот филм „Скопје 2014“ освои Golden Award – прво место за најдобар ТВ спот во најпрестижната категорија на спотови за  пр

Пронајдете не на следниве мрежи: