Енио Мориконе – Најдобриот филмски композитор на 20тиот век за прв пат во Бугарија

Композиторот кој остави најзначаен белег во светот на филмската музика, Енио Мориконе, за прв пат доаѓа во Бугарија за неговиот концерт на 10ти декември во арената Armeec Hall.Во 20тиот век со исклучителен интензитет навлезе една волшебна уметност во кината, освојувајќи ги срцата и умовите на многумина. Две имиња се карктеристични за филмовите во тој век, Чари Чаплин и Енио Мориконе.
Чари Чаплин е сликата во ерата на немите филмови, а Енио Мориконе  револуционарно ја внесе музиката во киното. Овој неверојатен музичар е роден во лулката на стара Европа, пишувајќи толку возбудлива музика,  при што неговото име стана синоним на терминот саундтрак.
Светскиот композитор и диригент ќе ги претстави своите светски познати ремек дела на бугарската публика. Меѓу нив се познатите мелодии од класичните вестерн филмови: “A Fistful of Dollars” (1964), “The Good, The Bad and The Ugly” (1966),  “Once Upon A Time in America” (1983), “The Untouchables” (1987) и “Malena” (2000) со шармантната Моника Белучи.
Мориконе има соработувано  со неговиот долгогодишен пријател Бернардо Бертолучи и неговиот соученик Серџо Леоне. Композиторот започна да пишува музика за филмовите од 1955та година па се до денес. Неговите дела, за период од 50 години се појавија во околу 570 филмови.
Мориконе е роден во годината на првата Academy Awards Ceremony во 1928, а во 2007 година му беше доделена почесна награда за неговите дела во филмската музика. На 79тата церемонија говорот на Мориконе беше лично преведен од Клинт Иствуд, во знак на почит поради соработката која трае цели четири декади.
Концертот на Енио Мориконе ќе се одржи на 10ти декември 2013та во Софија , во Arena Armeec Hall, во 20:00 часот.
Билетите за настанот можете да ги набавите:
https://www.tixgate.com/en/event/ennio-morricone-concert/222 https://www.ticketsbg.com/event.php?id=1045,  со Easy Pay касите низ целата земја и Cantus Firmus бирото во салата во Софија.Во 20тиот век со исклучителен интензитет навлезе една волшебна уметност во кината, освојувајќи ги срцата и умовите на многумина. Две имиња се каркт

Пронајдете не на следниве мрежи: