За нас е неопростиво да се трујат граѓаните, само со една цел, а тоа е личниот профит на одредени луѓе, велат од здружението на земјоделци.Жално е кога приватни струмички фирми на фамилијата Заеви за брзо збогатување е подготвена да си го труе сопствениот народ, рекоа од здружението.
Од здружението беа децидни, дека со ваков начин на работа се урива авторитетот на државата и авторитетот на македонскиот земјоделец.
-Со извозот на затруени корнишони од прекумерна употреба на отровни супстанци, а со крајна цел да се дојде до поголем и побрз профит и збогатување преку грбот на народот, на земјоделецот, можеме да констатираме дека ова е жално, но вистинито. Жално е кога приватни фирми на фамилијата Заеви за брзо збогатување со огромен капитал, се спремни да си го трујат сопствениот народ. Го урива авторитетот на државата и авторитетот на македонскиот земјоделски бренд. За нас земјоделците е незамисливо, како овие луѓе можат да го лажат сопствениот народ дека се борат за земјоделецот, а од друга страна работат работи кои се приоритетни за нивен траен профит. Се докажа дека овие луѓе ниту биле ниту во иднина ќе бидат достоен партнер и заштитник на нашиот вреден земјоделец. За вас, земјоделецот бил и ќе остане алатка за збогатување на бизнис елитите и го користите како гласачка машинерија, истакна претседателот на Здружението Никола Стаменов.
Тие бараат точно утврдување на настанатата штета, за државата и за земјоделецот.
Овие лица кои чесно си го заработуваат лебот, сега револтирано потенцираат дека се загрижени за состојбата.
Ваквото однесување на семејството Заеви, потенцираат е потенцијална закан за нив, но и опасност. Се плашат дека затруените корнишони, ќе ги уплашат граѓаните и нема да имаат доверба во македонскиот земјоделски производ. А од тоа, овие чесни луѓе преживуваат.
Македонскиот земјоделски производ се бара насекаде, а одредени поединци со несериозно однесување, кое може да стане кобно, го гнасат целото производство кое бара многу работа и труд.
-Без разлика дали станува збор за краставици, зелки или други земјоделски култури, ние сме одбележани како регион од кој нашите досегашни компетентни муштерии, веќе ќе размислат дали да го употребат и конзумиртаат нашето производство. Нашиот земјоделец е целосно револтиран од овие луѓе, кои не зависат од аграрот, туку за нив луѓето се профит, гледаат како преку нас да заработат, велат земјоделците.
Според него, казните за сите што си играат со здравјето на луѓето и што го нарушуваат угледот на државата, како и нашето производство, треба да бидат поригорозни, не 5.000 или 10.000 евра, туку целосна заплена на остварениот приход.
Како што нагласи Ѓорѓи Самандов, раноградинар од Штипско, надлежните институции мора да спроведуваат исклучително строги контроли на производството, увозот и извозот. Двете работи затајуваат, рече, и нелојалната конкуренција особено од Албанија, но и законите зашто ниту еден не забранува земјоделците при производството да не третираат со нездоволзени средства.
– Изминативе денови повеќе корнишони доаѓаат од Албанија отколку што има сопствено производство. Многу фирми купуваат корнишони од Албанија, тука ги препакуваат и ги извезуваат како македонски, посочи Самандов.
Вкупно 13.100 евра глоба и забрана за вршење дејност и се изречени на Еко-оранжерии „Анска Река“ која пласираше 34 тони корнишони со зголемена концентрација пестициди во Хрватска.
Производител на краставиците, прскани со енормно многу пестициди, е фирмата „Еко Оранжерии Анска река“ од Валандово, а извозник е фирмата „Трго Продукт“ од село Дабиле Струмица, и двете во сопственост на членови на фамилијата Заеви.
Во текот на вчерашниот ден и институциите потврдија дека Заеви стојат зад затруените краставици.Жално е кога приватни струмички фирми на фамилијата Заеви за брзо збогатување е подготвена да си го труе сопствениот народ, рекоа од здружението.