Ќе се создаде нова Југославија само без Словенија и Хрватска?!

Лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија  кон крајот на септември ќе седнат на заедничка маса за да основаат собрание на западен Балкан, но без Хрватска и Словенија.Радио Слободна Европа јавува дека иницијативата ја покренал црногорскиот министер за надворешни работи, Игор Лукшиќ а средбата била одобрена и од Европската Унија.
Идејата се поврзува со поранешна Југославија, но без Хрватска и Словенија. Од страна на иницијаторот веќе е упатен таканаречен “non paper”, како почетен документ за конституирање на „балканската шесторка“ или скратено G6.
“Се гледа една сличност со нашата поранешна Југославија, со тоа што во овој случај ќе останеме без Словенија и Хрватска, а нив ќе ги замениме со Албанија и Косово”, изјавил лидерот на црногорскиот одбор за европска интеграција, Славен Радуновиќ.
„Дали се зборува за некој вид на Балканска полицијата и дали подеднакво ќе важи и за парламентарна соработка останува на земјите-членки да најдат одговори, и да постигнат консензус за оптимална форма на соработка“, вели државниот секретар за политички прашања на црногорското министерство за надворешни работи Владимир Радуловиќ.
mkd-news.comРадио Слободна Европа јавува дека иницијативата ја покренал црногорскиот министер за надворешни работи, Игор Лукшиќ а средбата била одобрена и од Е

Пронајдете не на следниве мрежи: