Дали треба да го наполните резерварот ако Америка ја нападне Сирија?

По нападот со хемиското оружје, се чини дека сè поизвесно е дека Америка со некои сојузници ќе изврши напад врз Сирија. До нападот може да дојде оваа или наредната недела, а веќе постојат неколку сценарија за тоа како ќе изгледа развојот на настаните.Она што на многумина им е интересно е проценка за тоа како евентуалната ескалација на кризата може да влијае на цената на нафтата, па дури и на Балканскиот полуостров. Според некои „катастрофални“ сценарија цената може да скокне за два пати, но, за сега, ова е малку веројатно.
До сега, единствено од Босна и Херцеговина одговорија на ова прашање. Претседателот на Здружението на сопствениците на бензински пумпи во Република Српска, Љубо Стевиќ изјавил: „Сигурно е дека цената на суровата нафта може да поскапи ако Америка ја нападне Сирија, што секако негативно ќе влијание и на нашиот пазар”, изјавил Стевиќ, за агенцијата Срна. Тој посочил дека во спротивно може да дојде до мал пад на цените на горивото, односно до стандардна зимска стабилизација на цената.
Извор: mkd-news.comОна што на многумина им е интересно е проценка за тоа како евентуалната ескалација на кризата може да влијае на цената на нафтата, па дури и на Бал

Пронајдете не на следниве мрежи: