Што значи секој број од вашиот ЕМБГ?

Eдинствениот матичен број на граѓаните (ЕМБГ) е идентификациски број што го имаат сите новородени граѓани во Југославија од 1976 година.Но, ништо во матичниот број не е случајно. Сите граѓани кои се родени пред 1976 година добиле број во зависност од регинот во кој тогаш живееле, а не во кој се родени.
Секогаш нас ни било познато дека првите седум бројки кои сите ги знаеме се поврзани со датумот на раѓање. Но, останатите шест често се предмет на разни дискусии.
Бројот е направен од 13 бројки во форма „ДД ММ ГГГ РР БББ К“ но без простор, а тоа значи:
ДД = ден на раѓањеММ = месец на раѓањеГГГ = последните три бројки од годината на раѓањеРР = политички регион на раѓањеБББ = единствен број000-499 = машки500-999 = женскиК = контролен број
Политичкиот регион за Макеоднија се користеле броевите од 41 до 49, а поконкретно вака за следниве градови:41 – Битола42 – Куманово43 – Охрид44 – Прилеп45 – Скопје46 – Струмица47 – Тетово48 – Велес49 – Штип
Останатите политички региони низ поранешна Југославија:
*00 – 09 – странци без државјанство на поранешна Југославија или нејзините држави
*10 – 19 – Босна и Херцеговина
*20 – 29 – ЦРна Гора
*30 – 39 – Хрватска
*41 – 49 – Македонија
*50 – 59 – Словенија (само 50 е користен)
*60 – 69 – не се користело од необјаснети причини
*70 – 79 – Централна Србија
*80 – 89 – Автономна покраина Војводина
*90 – 99 – Автономна покраина Косово и МетохијаНо, ништо во матичниот број не е случајно. Сите граѓани кои се родени пред 1976 година добиле број во зависност од регинот во кој тогаш живееле, а

Пронајдете не на следниве мрежи: