Три жени ви откриваат како се трансформирале – без никаква строга диета!Броењето на калориите се покажало како исклучително успешен и логишен метод кога сакате да се ослободите од вишокот на килограми. Меѓутоа, многумина пред себе си поставуваат нереални цели во вид на внос на премногу малку калории. Ако издржат, килограмите секако исчезнуваат, но и се враќаат веднаш штом броењето престане. И за таквите луѓе броењето на калориите никако не доаѓа предвид.
Постои една многу полесна метода – нека секоја чинија ви изгледа вака: 25 со 30 отсто јаглени хидрати, 25 отсто протеини и 40 до 50 отсто зеленчук, но без скроб. Со тоа ќе ја постигнете целта, а нема да мора толку да се ограничувате.
А постои и уште една метода за истенчување на фигурата којашто не вклучува броење на калории. Доволен доказ дека се е возможно се и овие фотографии:
Секој ден по едно селфи
“Мојата сестра и најдобрата пријателка постојано ми говореа дека сум премногу поправена. Со месеци ми зборуваа и на крајот уплатив во теретана. Првиот ден потрошив еден час на возење на статичен велосипед, а потоа и испратив фотографија на пријателката. Тоа не го планирав, но таква фотографија испратив и следниот ден, а и тој после него. Всушност започнав да и испраќам фотографии после секој тренинг како би можела да го следам напредокот. Претходно броев калории и поени следејќи најразлични програми, но тој план ниту еднаш не вроди плод. Овојпат покрај теретаната, решив процесираната храна да ја заменам со многу зеленчук, немасно месо и житарки од цело зрно. За десерт најчесто избирав банана натопена во малку чоколадо. За само шест месеци ослабев 36 килограми. Денес, година дена после воведот на режимот имам 85 килограми. И многу поважно, се хранам многу поздраво”, вели оваа девојка.
Престанав да се грижам за напредокот
“Бев премногу зафатена за да ги бројам калориите на се што внесував, па просто решив да ги истражам сите здрави и диетални опции. Од исхраната потполно ги отстранив сите шеќери и процесираната храна. Значи ниту еден залак брза храна, освен кога ќе решам да се почестам. Јадам многу авокадо, сладок компир, риба, киноа, пилешко месо, јајца и грчки јогурт. Во понеделник, среда и петок вежбам со тегови, а во вторник и четврток правам кардио вежби. На почетокот, првите три месеци не забележав некои драстични промени, па навистина бев и лута, толку лута што секојдневно плачев. А потоа сфатив дека прогресијата е бавна бидејќи не се работеше за класична диета со којашто сте готови за две недели. Ова беше комплетна промена на животниот стил. А промената и дојде – уверете се и самите”, вели оваа млада жена.
Ги укинав ноќните гозби
“Само што се породив, и единствено само ноќе можев малку да се одморам. Тоа главно го правев на начин што буквално се “давев” во тестенини, пица, леб, компир и слични намирници. А потоа сфатив дека имам претерано и просто решив буквално уште од следниот ден да започнам да живеам поздраво. Утрото го започнав со протеинско смути, низ целиот ден јадев многу овошје и зеленчук, житарки од цело зрно, мешунки, јаткасти плодови и семиња. Бидејќи имам три деца, вежбам дома, а практикувам вежби со висок интензитет во времетраење од половина час. Три пати неделно трчам или пак скокам на јаже, отприлика половина час”, вели оваа мајка.Броењето на калориите се покажало како исклучително успешен и логишен метод кога сакате да се ослободите од вишокот на килограми. Меѓутоа, многумин