Научниците со години пробуваат да ја пронајдат тајната за совршен сон, но секогаш има нова теорија која ја отфрла старата. Овојпат се колнат дека тоа е тоа. Одењето во кревет сам, во 22 часот и 39 минути, носејќи удобна пижама е рецептот за совршен сон. Читањето книги, две перници на креветот и спијање на десна страна исто така ќе ви помогнат да се разбудите свежи, тврдат научниците.
Истражувањето е спроведено на 2.000 Британци, и покажа дека за за ги постигнете оптималните 8 сати сон, не треба да користите мобилен 37 минути пред спиење. Исто така, совршена температура на воздухот во собата треба да биде 16 степени Целзиусови. Треба да спиете во темна соба без светла од телевизор.
„Иако сите знаеме дека гледањето во екраните не ни помага, скоро една третина од нас сепак го прават тоа помалку од 10 минути пред спиење“ изјавува научникот Јаз Багниевски.
Скоро половина од испитаниците (44%), признаваат дека спиењето е подобро кога партнерот не е со нив во кревет. 3 од 10 Британци читаат книга пред спиење, а две петтини не можат да заспијаат ако не е потполо темно.
Поголем дел спијат на десна страна на креветот, со подигната нога. А само 1 од 20 спија на грб. Една четвртина од Британците изјавиле дека спијат голи.
Одењето во кревет сам, во 22 часот и 39 минути, носејќи удобна пижама е рецептот за совршен сон. Читањето книги, две перници на креветот и сп