Турскиот актер Бурак Озџевит во текот на минатогодишната посета на Белград и Нови Пазар изразил голема желба да соработува со колегите од Србија.Еден од најпопуларните турски актери Бурак Озџевит, кој се прослави со улогата на Бали Бег во чуената турска серија „Сулејман Величенствениот“, добил повик од челните луѓе на „Зона Занфирова“ да се појави пет минути во вториот дел од филмот.
Иако обожавателките ширум светот се израдувале на оваа информација, згодниот Бурак, наводно незадоволен од хонорарот одбил да биде дел од долго чеканото српско остварување.
Популарниот Бали бег одбил да се појави во филмот, иако му бил понуден хонорар од 20.000 евра за пет минути појавување. Нему тоа не му било доволно.
Иако Бурак минатата година за време на престојот во Белград, изразил желба да соработува со колегите од Србија, а овој филм му била одлична прилика за тоа, чуениот актер наводно по разговорот за хонорарот повеќе не се јавил.Еден од најпопуларните турски актери Бурак Озџевит, кој се прослави со улогата на Бали Бег во чуената турска серија „