Сања Бешиќ Нуриќ на својот Фејсбук профил напишала дека се чувствува тажно, многу е разочарана, а нејзината објава ја споделиле многумина во знак на поддршка, и за да ѝ помогнеме да ја најде нејзината сестра, нејзината објава ја пренесуваме во целост:Драги народе ве молам да ја споделите мојата објава…
Мојата мајка се вика Изета Бесиќ а татко ми Ахмет Бесиќ и имам 3 сестри Елвира (1978), Елдина (1981) и Мирсад- Селма (1983)..
На 10 април 1987 мајка ми повторно се породила во болница бо Градач и родила ќерка која ја крстила Самра…
Мајка ми вели дека се било во ред и дека девојчето било живо, потоа докторите и сестрите кои работеле во болницата го прашале татко ми колку деца имаат и татко ми рекол дека веќе има 3 ќерки. По неколку часа на татко ми му кажале дека Самра е мртва и да им даде пари за да ја закопаат, татко ми им рекол дека сака сам да ја закопа и да му го дадат бебето но тие рекле дека не може да го види и дека тие ќе го закопаат само татко ми да им даде пари.
Мајка ми добила документ на кој пишува дека бебето е родено мртво, но мајка ми вели дека било живо и дека го држела во раце дека плачела и гледала во него…
Сестрата која се вика Мира Радиќ што ја породувала мојата мајка го земала со себе девојчето и во Брчко ја запишала како своја ќерка и ја однела во Германија… мојата сестра не е единствената на која ѝ се случило вакво нешто, има многу деца кои се продадени во болница… полоцијата, болницата и останатите кои имаат некоја моќ во градот нема да ни помогнат да ја најдеме … мајка ми повеќе не може да спие потојано ја сонува сестра ми и само за неа зборува.
Душата не боли што израснавме без неа и што знаеме дека некаде е жива и здрава а не е со нас… ве молам народе споделете ја оваа објава можеби некој ќе ни помогне да ја најдеме сестра ми… сакаме да знаеш дека мама и тато те бараат и дека сакаат да ти кажат дека не се тие виновни за тоа и дека би сакале да бидеш со нас.
Би сакале да те видат и да знаат дека си жива и здрава… Сестро имаш мајка и татко и 4 сестри кои би сакале да те запознаат и да знаеш дека сме тука и дека не имаш.Драги народе ве молам да ја споделите мојата објава…
Мојата мајка се вика Изета Бесиќ а татко ми Ахмет Бесиќ и им