Дали некогаш сте се вклучиле онлајн за брза проверка на најновите постови, а сте завршиле чепкајќи во последните две години на профилот на сестрата на најдобрата другарка на девојката на бившиот? Еве зошто Фејсбук и другите социјални мрежи си поигруваат со вашиот ум.-Фејсбук може да не издепримира: Мислевте дека сте блиски пријателки, но таа објавила слика како го слави роденденот со пријателките, и вие не сте меѓу нив. И колку повеќе ги листате сликите, чувствувате љубомора и постепено се депримирате. Според објавата во списанието за социјална психологија, тешко е да не се чувствува завист кога гледате во беспрекорни, филтрирани слики. „Многу од нашите пријатели ги објавуваат добрите работи во животот, а ги изоставаат лошите“, изјави истражувачката Маи Ли Стирс во прес-конференцијата.
-Предизвикува огромно ниво на стрес: Ако често по напорниот работен ден се вклучувате на Фејсбук за да се релаксирате, треба да знаете дека оваа релаксација всушност може да ве вознемири, а особено ако имате многу „пријатели“, велат истражувачите од Универзитетот во Единбург, Шкотска. Тие ги истражувале навиките на над 300 луѓе и откриле дека оние со најмногу пријатели на Фејсбук биле во поголем стрес од оние со помал број на пријатели. Причината е дека виртуелната поврзаност со пошироката фамилија, пријатели на пријатели и колеги ја зголемува шансата да навредите некој со тоа што сте го напишале, или да ве иритира нешто што го напишал еден од вашите 500 „блиски пријатели“.
-Поттикнува несигурност во романтиката: Мислевте дека со дечкото ви оди супер, но тој не ја „лајкна“ вашата последна слика? И која е таа девојка со кратко здолниште чија покана за пријателство ја прифатил? Ако се сомневате дека Фејсбук ја потпалува вашата љубомора или го прави прелесно паѓањето во искушение да стапите во контакт со бившиот, веројатно сте во право. Според едно истражување објавено во списанието Киберпсихологија и Социјални мрежи, паровите што поминуваат многу време на Фејсбук, од оние кои не го прават тоа имаат поголема шанса да добијат „негативен исход на врската“, како физичко или психичко изневерување, па дури и раскинување/развод.
Треба да се нагласи и дека истражувањето опфатило само парови што биле заедно до 3 години, така што се уште не е јасно дали расправиите поврзани со Фејсбук можат да ги растурат долгогодишните бракови. Но, добар совет е да направите приоритет на врските „во живо“, над виртуелните. Ако ништо друго, барем сетете се да се „спријателите“ со вашиот партнер: Едно друго истражување покажало дека 64% од корисниците на Фејсбук се пријатели со „бившите“, додека пак, само 56% од нив се „пријатели“ со моменталниот партнер.-Фејсбук може да не издепримира: Мислевте дека сте блиски пријателки, но таа објавила слика како го слави роденденот со пријателки



