Оваа вежба е одлична за слабеењето и обликувањето на телото, а многу холивудски ѕвезди и топ модели ја користат и како кардио-тренинг.
Не постои некој кој, како дете не се забавувал со прескокнување на јаже, па затоа не гледаме причина зошто тоа не би го правеле и на постари години. Вежбата е одлична за слабеење и обликување на телото, и не е залудна.
Имено, скокањето на јаже е подобро од трчањето бидејќи е посигурно за зглобовите и за колената. Истовремено зајакнуваат и рацете, рамениците, стомакот, но и срцето. Целото тело е во движење, и што е најважно, ова е една од вежбите што ни создаваат најмал трошок.
Сепак, скокањето на јаже и не е така лесно како што се чини на прв поглед. Кога се обидувате за прв пат, постои веројатност да се изморите веќе по неколку минути. Иако може да ви создаде фрустрации, сепак, ако запнете, не се откажувајте. Направете си цел што треба да ја постигнете во првите неколку дена, како на пример, скокање 30 секунди подолго секој нареден пат.
Оваа вежба треба упорно да ја применувате, но кога ќе ја совладате, пред вас стои период исполнет со успех. А секако, и добра линија.
Не постои некој кој, како дете не се забавувал со прескокнување на јаже, па затоа не гледаме причина зошто тоа не би го правеле и на



