Пред да се збогувате со пивото (и социјалниот живот) ви предлагаме да ги пробате овие навики на вежбање и исхрана. Со нив, ќе можете да ја вратите тенката половина и сепак да уживате во повремено ладно пивце.
Со стареењето и уживањето во животот, често сме подложни на оној вишок килограми што на сите ни смета. Секое испиено пиво има околу 150 калории, а бројката се зголемува со секое наредно испиено пиво. Кога пиеме алкохол, црниот дроб му дава приоритет на неговото согорување наместо согорувањето на маснотиите, што пак го олеснува таложењето на вишокот килограми во стомакот, посебно кај мажите.
-Тренирајте ги мускулите
Најдобриот начин да го прекинете со внесување поголем број калории отколку што изнесувате е со вежбање. Прекинете го кругот одејќи во теретана. На тој начин се зацврстуваат мускулите и се поттикнува метаболизмот. Не само што ќе изгледате подобро, туку и забрзаниот метаболизам ќе согорува повеќе калории во денот. Фокусирајте се на вежбање на долниот дел од телото, што претставува 60 проценти од тоталната мускулна маса.
-Правете кардио-вежби
Најдобриот избор за ова е 30-минутно џогирање. За да извлечете максимални резултати, обидете се да трчате брзо, па потоа одморајте. Ако ве чека вечер со пиење, трчајте на пладне и наредниот ден.
-Намалете го консумирањето на пиво
Иако овој совет е очигледен и не звучи забавно, сепак е неопходен. Смислете план со кој ќе го намалите пиењето на пиво. На пример, одредете еден ден во неделата во кој ќе си го допуштите ова задоволство. Со намалување на јагленохидратите останатите шест дена во неделата, ќе го намалите вкупниот број на внесени калории и седмиот ден ќе уживате уште повеќе од порано. Друга опција е да пиете пиво како и порано, но да пиете чаша вода по секое пиво. Така ќе ја поттикнете хидратацијата и ќе пиете помалку.
-Хранете се здраво
Иако ги броите калориите, сепак слабеењето околу стомакот е потешко доколку притоа јадете брза храна. Маснотиите во стомачниот предел се поврзани со јадењето на преработена храна. Затоа, обидете се да го зголемите внесот на овошје, зеленчук и јатки. Ваквата храна содржи голем број на антиоксиданти што имаат анти-инфламаторен ефект и го превенираат таложењето на вишокот килограми.
-Спијте повеќе
Иако ова звучи неважно, можеби е најдобриот начин да се победи вишокот килограми околу стомакот. Кога сме наспани, имаме помала желба за грицкање на калорична храна во текот на денот. Спиењето над 7 часа го намалува стресот и го подобрува помнењето.
Со стареењето и уживањето во животот, често сме подложни на оној вишок килограми што на сите ни смета. Секое испиено пиво има



