Исповед на кошаркар: Бев силуван на прв состанок!

Нејтон Форт, перспективен кошаркар, изгледа како златно момче. Талентиран е, амбициозен, згоден и здрав, но работите всушност  не се толку црно- белo.Нејтон како  тинејџер сфатил дека го привлекуваат  мажи, но  тоа не сакал да си го признае себе си бидејќи сакал да биде како  останатите. На факултет одлучил да го истражи својот идентитет па една вечер завршил во геј клуб.
„Запознав  многу симпатичен тип кој живее во моја близина. Заедно заминавме од клубот, моето  срце чукаше од возбуда. Бев нервозен, но и среќен поради тоа како  се развиваше ситуацијата. Се возевме и разговаравме, се чинеше дека мојот прв дејт со маж ќе биде совршен. Но не беше.
Во еден момент  ме исфрли од автомобилот. Ме злоупотерби сексуално, ме дрогираше и  ме силуваше. Ми го промени животот. Се борам да напишам неколку  редови за тоа, но тоа сега е дел од мене. Не го пријавив, ми беше срам и  се плашев дека ќе ме осудуваат“, вели младото момче.

 
Мажот кој го силувал никогаш не бил осуден за тоа.  Година дена после тоа Форт се гледал само со  девојки. Потоа повеќе не сакал да крие, па собрал храброст и признал пред семејството и кошаркарската екипа дека е хомосексуалец.
Открива дека со сите разговарал очи во очи со сите, им признал дека е геј и дека е силуван. Сите го поддржале, што го охрабрило.

Својата приказна јавно  ја раскажал за да им пружи поддршка на другите. Имено, по  силувањето  размислувал и за самоубиство.
„Тоа е ваш живот, не туѓ. Ништо  не е повредо од вистината“, заклучува тој.Нејтон како  тинејџер сфатил дека го привлекуваат  мажи, но  тоа не сакал да си го признае себе си бидејќи сакал да биде како 

Пронајдете не на следниве мрежи: