Мечка го кинела на парчиња. Но, тој напишал порака СО КРВ во снегот до неговата мајка!

Алексеј Копитаков (29) од Русија е добар човек и многу добар доктор, но има многу опасно хоби – лов.Никој не можеше да ги замисли ужасните последици кои хоби му ги нанесе.
Еден есенски ден во ноември, Алексеј сакал да оди на лов со своето омилено куче. Имало и доволно снег на теренот за еден млад, ловец ентузијаст да се обиде да најде зајаци по отпечатоците од нивните шепи на снегот.
Во тажна пресврт на судбината, Алексеј завршил на тој начин што сретнал еден сосема поинаков вид на животно кое сѐ уште не паднало во зимска хибернација.
„Погледнав и видов мечка. Се обидов да пукам, но пушката ми беше полна со снег“, вели Алексеј.

„Одеднаш, таа се нафрли врз мене. Јас ја користев пушката да ја удрам по главата, но ништо не помогна. Таа продолжи да ме напаѓа, да ме гризе и гребе“, вели тој.
„Слушав како ми пукаат коските. Мислев дека нема да преживеам и веќе ја видов сопствената смрт. Тогаш се сетив на семејството и се обидов да напишам порака во снег за нив: `Мамо, тато, ве молам простете ми. Ве сакам`“, изјавил Алексеј.
Многу луѓе не се способни да преживеат дури ни неколку минути од борбата со возрасните мечки. Алексеј имал среќа да ја преживее несреќата.
Тој се вратил на местото каде што се случил нападот и го снимил.
Bear vs Alexey by lotta-gruen

Пронајдете не на следниве мрежи: