Многумина имаат слушнато за акупунктура, рефлексологија и масажи чие потекло е од источната медицина. Иако се употребуваат за олеснување на болка, трауми, болести и стрес илјадници години наназад, дури скоро се прифатени во останатите делови од светот.Време е да се запознаете со џин шин џицу – древна јапонска вештина и филозофија за ослободување од болките во организмот.
Станува збор за дел од алтернативната медицина, која се заснова на прстите на дланките, а нејзината задача е преку важни точки на прстите да се избалансира енергијата на телото која е важна за физичкото и емоционалното здравје на организмот.
Основата на ова учење се базира на следниот принцип: секој прст на раката е поврзан со одреден орган на кој му одговара и одредена емоција. Ако треба да му делувате на некој орган, фатете го прстот со другата рака и стиснете го со целата дланка и притоа држете го така три до пет минути.
За тоа време дишете длабоко.
Исто така, со ова може да постигнете и општа хармонизација на вашето тело, така што ќе го измасирате секој прст на раката. За вежба на целото тело вежбајте со секој прст поединечно, а на секој задржете се околу три минути.
Палец
Органи: желудник и слезина.
Емоции: анксиозност, депресија и загриженост.
Физички симптоми: болки во стомакот, проблеми со кожата, главоболка, невроза.
Показалец
Органи: бубрези и мочен меур.
Емоции: разочарување, страв и конфузија.
Физички симптоми: болки во мускулите, болки во грбот, забоболка, проблеми со системот за варење.
Среден прст
Органи: црн дроб и жолчна кеса.
Емоции: неодлучност, бес, раздразливост.
Физички симптоми: проблеми со циркулацијата на крвта, менструални болки, проблеми со видот, замор, фронтална главоболка, мигрена.
Домал прст
Органи: бели дробови и дебело црево.
Емоции: негативност, тага, страв од отфрлање, жалост.
Физички симптоми: зуење во ушите, респираторни проблеми, астма, кожни болести, проблеми со варењето.
Мал прст
Органи: срце и тенко црево.
Емоции: грижа, ансксиозност, нервоза, отсуство на самопочитување.
Физички симптоми: болести на срцето, болки во грлото, дуење на стомакот, проблеми со коските.



