Страствените пушачи најчесто живеат со овој вид на кашлица и упорно одбиваат да ја прифатат можноста дека тоа е многу веројатно симптом на значајно потешко заболување од обична настинка. Еидинствената работа која сигурно можат да ја сторат за да си помогнат себеси е веднаш да престанат да пушат. Засекогаш.Докторите ги предупредуваат пушачите дека кашлицата не смеаат да ја занемарат, бидејќи е покажател на хронични опструктивни белодробни заболувања со кои само во Велика Британија живеат преку милион луѓе.
Хроничната опструктивна белодробна болест е заеднички назив за низа болести на овој витален орган, меѓу кои се вбројува и хроничниот бронхитис. Очигледно, болеста се манифестира преку низа симптоми, од кои недостаток навоздух и тешкотии во движење при лесни физички активности, како качување по скали.
Во Англија 25.000 луѓе починале од оваа болест, од кои 90 проценти како последица од пушење Во 2013 и 2014 година поради последици од пушење, итната помош интервенирала дури 130.000 пати.
Британците, поради ова, одлучиле да започнат кампања со која настојуваат да ги оттргнат луѓето од пушење цигари. Промотивното видео го сними олипиецот Ајван Томас, чија мајка заболела од хронична опструктивна болест, предизвикана од пушење.
„Порано никогаш не сум ја сфаќал сериозно оваа болест, но кога баналните работи како подготвување чај, качување по скали или одење до автобуска станица ќе станат непремостливи пречки, сфаќате колку е сериозно“, рекол Томас.
Др Николас Хопкинс, представник на клиниката за белодробни заболувања во болницата Ројал Бромптон предупредува: „Кашлицата предизвикана од пушење сфатете ја како предупредување да за спречите штетата која ќе ја претрпат вашите бели дробови“.
Како да си помогнете? Едноставно. Престанете да пуштите денес, бидејќи утре ќе биде предоцна.Докторите ги предупредуваат пушачите дека кашлицата не смеаат да ја занемарат, бидејќи е покажател на хронични опструктивни белодробни заболувања с



