Сирискиот бегалец Амир Метр, со месеци тренирал седум часа дневно за да успее да го преплива Егејското Море и да стигне од турскиот брег до грчкиот остров Самос. Бидејќи немал пари да им плати на криумчарите да го пренесат до Европа, а претходно имал тренирано со сирискиот национален пливачки тим во Дамакс, Метр сфатил дека пливањето е негова единствена шанса да започне нов живот во Европа.Со месеци, секој ден тој по седум часа дневно се подготвувал за пливачкиот маратон во Бејрут, кадешто избегал заедно со семејството во мај 2014 година.
Исто така, тој проучувал мапи од Егејското Море за да ја пронајде најкратката рута од Турција до островот Самос.
Кога тргнал на пат, најпрво бегал неколку часа од турската полиција којашто се наоѓала на брегот, а потоа влегол во морето.
„Секоја секунда мислев дека ќе умрам“, изјавил тој за Тајмс од центарот за азил во Шведска.
„Гледав во карпите наспроти мене и си велев – таму е мојата иднина“, додал Метр.
Кога по шест ипол часа допливал до Самос, морал да пешачи уште 12 километри до најблискиот центар за регистрација на мигранти.
Поминал месец дена по бегалските центри во Европа, а потоа со воз стигнал до Шведска кадешто се наоѓа денес.
Метр преку Фејсбук им помага на другите бегалци и вели дека не е единствениот којшто пристигнал во Европа со пливање.Со месеци, секој ден тој по седум часа дневно се подготвувал за пливачкиот маратон во Бејрут, кадешто избегал заедно со семејството во мај 2014 год



