Хајди Логлин (32) била во третиот месец од бременоста кога ѝ бил дијагностициран агресивен рак на дојката. Таа одбила терапија за да не му наштети на детето, а вчера објави трагични вести- и покрај сета борба, нејзиното бебе починало осум дена по раѓањето. Песната која Хајди ја напишала за својата штотуку родена ќерка ги крши и најтврдите срца.Кога докторите ѝ кажале дека мора веднаш да почне со хемотерапија, но дека тоа сериозно ќе го оштети нејзиниот плод, Хајди решила да се жртвува и да почека шест месеци до раѓањето- и покрај фактот дека многу агресивен облик на тумор. Во договор со докторите, почнала да прима благи лекарства, кои не му штетеле на бебето.
Но, неодамна дознала дека ракот се шири и покрај тие лекови и дека мора веднаш да почне со посилна терапија. Поради тоа на 11 декември морала на итен царски рез, и се родила малата Али Луис Смит.
За жал, Али починала по осум дена.
Хајди, која крена доста прашина со својата одлука пред неколку месеци, од својата ќерка се простила со трогателна песна која ја напишала.
„Вчера попладне нашите срца пукнаа на два дела.
Бидејќи моравме да се простиме од тебе.
Нашата љубов кон тебе е прекрасна
иако живееше само 8 дена.
Те бакнувавме, галевме, ти ги скокоткавме стапалата.
И знам дека еден ден повторно ќе се сретнеме
Денес видов прекрасно виножито
И се запрашав дали го прати ти?
Нашата прекрасна ќерка, Али Луис,
Го шепотам твоето име во ветрот,
Болка во моето тело, моето срце и мојата душа
е толку голема што ќе ме изеде цела.
Твоите браќа ќе се сеќаваат на тебе што и да прават,
Ние засекогаш ќе имаме три деца, а не само две,
Ќе се потрудам да осздравам поради тебе
Секогаш ќе бидеш покрај мене, мое прекрасно девојче.
Хајди има уште два сина, а открила дека има карцином кога го доела второто дете.Кога докторите ѝ кажале дека мора веднаш да почне со хемотерапија, но дека тоа сериозно ќе го оштети нејзиниот плод, Хајди решила да се жртвува и д



