Ќе ви го скрши срцето: Го замолил за „фотка“: „Ова е мојот син. Не го дочека Божиќ…“

Кога пред неколку дена се претворил во Дедо мраз за да развесели деца, Калеб Рајан Сигмон не очекувал дека на прашањето на еден татко  ќе се раслаче од тага.„Денес ми пријде татко кој носеше нешто во рацете. Ми рече дека има мало барање и во тој момент ми покажа дека во рацете има фотографија од дете. На момент застана. Ми кажа дека тоа е фотографија од неговиот син кој починал минатата година. Во грлото имаше кнедла. Се согласив да се фотографирам. Во тие неколку моменти во просторијата беше потполна тишина, напишал Калеб Рајан на својот Фејсбик профил.
Тој секоја година за време на празниците заработува така што се претвора во Дедо Мраз, се фотографира со децата и така ги развеселува. Тоа обично се обично средби полни со насмевка. Но овој пат било сосема поинаку.
„На алката на детето на фотографијата забележав дека неговото име било Хејден. Не прашав ништо ниту пак нешто реков. Единствениот звук кој го слушнав во целиот трговски центар беше чкрапањето на фотоапаратот. Инаку слушам стотици гласови  и музика, но сега не слушнав ништо. откако  фотографот го заврши своето, се приближи таткото и  ја одбра фотографијата оја најмногу му се допаѓа. Девојката му испринта неколку фотографии, а тој го извади паричникот и рече дека тоа ќе биде божиќен подарок за неговата сопруга. Му ја врачивме фотографијата и му објаснивме дека  не треба ништо  да плати и дека ќе се молиме за неговото  семејство.

 
Ме фати за рака, ме прегрна, се заврте и си замина. Додека излегуваше, сите имавме солзи во очите. Го споделувал ова со васза сите да се потсетиме дека Божиќ за некои луѓе е навистина тежок период. Молете се за оние со скршено срце. Смејте се, бидете љубезни и сакајте се“, заклучил Калеб.
Објавата  ја споделил и Кајл, таткото кој ја донел фотографијата  од синот.
„Секогаш ќе бидеме благодарни за тоа што гостори за нас. Благодарам што  неверојатно  тешката ситуација ја направи полесна“, напишал Кајл.
„Се што сакаме е сите да сторите нешто како онашто  Калеб го стори за нас. Помогнете му на некој странец. Тоа не треба да биде нешто големо , некогаш е доволно да се насмеете и да се поздравите“.
Малиот  Хејден починал на 19 декември минатата година. Роден е со маана на левиот дел на срцето.„Денес ми пријде татко кој носеше нешто во рацете. Ми рече дека има мало барање и во тој момент ми покажа дека во рацете има фотографија од д

Пронајдете не на следниве мрежи: