Ученик од Тексас се онесвестил на час по физичко воспитување, а неговото семејство верува дека е жив благодарение на божја волја. Тинејџерот Зак Клементс тврди дека починал на 20 минути, а дека во живот го вратило чудо за кое е заслужен само Господ.Ова 17 годишно момче се онесвестило на часот по физичко воспитување, а неговото срце престанало да чука на 20 минути. Кога лекарите успеале да го оживеат и да му го вратат пулсот, со хеликоптер бил префрлен во болница. Се разбудил неколку дена подоцна, на одделението за интензивна нега.
Лекарите не знаеле да објаснат како момчето од Тексас преживеало. Меѓутоа тој вели дека кога срцето престанало да му чука, му се појавило некое битие во облик на човек, со долга коса и дека му рекло да не се грижи, на новинарите им раскажа Зак, пренесува Мирор.
Семејството на Зак е уверено дека по онесвестувањето за време на трчањето го спасила божја интервенција. Неговиот татко Били, вели дека тоа што се случило не може да се објасни, додека мајката Тереза вели дека и е драго што милиот Бог одлучил да и го врати нејзиното дете. Штом лекарите ќе му дозволат, Зак планира да се врати во училиште. Ова 17 годишно момче се онесвестило на часот по физичко воспитување, а неговото срце престанало да чука на 20 минути. Кога лекарите успеале да го о



