Маж 50 години КРИЕЛ ТАЈНА од сопругата: Еден ден конечно открила што се наоѓа на таванот!

Во 1988 година, сопругата на Николас Винтон открила нешто на таванот во својата куќа. Тоа бил споменар исполнет со фотографии, зборови, имиња, белешки и патни исправи. Книгата содржела приказни за сочувство, храброст и на крај, за опстојувањето.Грета Гјелструп била изненадена што пронашла.
Кога побарала објаснување, нејзиниот сопруг ѝ рекол само да се ослободи од тие сеќавања на тајната којашто ја криел од неа и од остатокот на светот цели 50 години. Таа инсистирала да дознае што навистина се случило. На крајот, тој попуштил.
Винтон бил „британскиот Шиндлер“. Тој бил одговорен за спасувањето на 669 еврејски деца во тогашна Чехословачка, чија судбина била да завршат во гасна комора за време на Холокаустот.
За време на Втората светска војна, Винтон успеал да ги изигра нацистите и со воз пренел над 669 деца од Прага до Велика Британија. 
Во 1938 година, тој организираше 8 евакуации на деца од земјата загрозени од испраќање во концентрационен логор. По долга преписка во британското Министерство за надворешни работи кое требаше да ја реши имиграцијата на толку голем број луѓе, Винтон успева да ги убеди и нацистите да ги пуштат децата. Потоа работи за наоѓање на британски семејства кои сакаат да ги прифатат Еврејчињата и наоѓа пари за да може на секое домаќинство да му биде платена помош за издржување во износ од 50 фунти.

Неговата голема болка, сепак, е фактот дека последниот организиран од него воз кој превезувал 250 деца во септември 1939 година, не успева да тргне поради инвазијата на Германија во Полска. Се смета дека тие луѓе станаа дел од ужасната бројка на над 1 милион загинати чешки Евреи во Аушвиц.
Во 2003 година Винтон е прогласен за витез од страна на кралицата за „служба на хуманоста“.
– Одлично е што сте можеле да спасите толку многу деца, му рече тогаш Елизабета Втора. Во 2010 е награден со медал „Херој од холокаустот” на британската влада. Чешката Влада пак постојано го номинираше за Нобеловата награда за мир. Во 2014 година Винтон се врати во Прага, каде што беше награден со чешкиот Орден на белиот лав.
– Винтон почина тивко во сон во болницата на градот Слоун. Околу него беа неговата ќерка Барбара и неговите двајца внуци, соопшти неговиот зет Стивен Вотсон.
Грета Гјелструп била изненадена што пронашла.
Кога побарала објаснување, нејзиниот сопруг ѝ рекол само да се ослободи од тие сеќавања на та

Пронајдете не на следниве мрежи: