Читајте ги етикетите: Што треба да знаеме за трајноста на храната?

Месо, јајца, млеко… дали навистина знаеме колку време можеме да ги држиме во фрижидер пред да станат непогодни за исхрана?Фрлената храна во ѓубре, во монетарната димензија достигнува до 165 милијарди долари годишно. Поголем дел од расипаната храна навистина не е здрава за консумација, а продавниците масовно ја уништуваат храната поради истечениот рок на траење – храна која всушност може да се консумира. Дали сепак знаеме како соодветно да се грижиме за содржината на сопствениот фрижидер?
Етикети
Рокот на траење означен на етикетите може да биде погрешен. „Рок на употреба до“ – го забележува последниот ден до кој производот е погоден за консумирање, но „Користи пред“ и „Најдобар пред / до“ – го наведуваат датумот до кој производот е со највисок квалитет.
На пример, такви се роковите на траење на пијалоците, кои нема да нѐ отрујат ако се консумираат и по истекот на рокот на траење, но може да не поседуваат сосема ист вкус. Единствениот исклучок од ова правило, при што експертите категорично советуваат да се следи рокот означен на пакувањето, е бебешката храна – сепак е наменета за нежен организам.
Многу е важно да се следи кога е купен или отворен производот, а не самиот рок на траење. Бидејќи дури и да е во рок, еднаш отворен, чуван во домашен фрижидер, овој производ е веќе изложен на нечистотии кои ќе доведат до брзо негово расипување.

Сурово пилешко
Според агенциите за храна, пилешкото месо може да се чува во фрижидер од 1 до 2 дена по купувањето. Ако месото поминало низ термичка обработка и не е отворено пакувањето, трајноста се продолжува на 3 до 4 дена. Замрзнатото пилешко може да се чува до 9 месеци.
Сурово црвено месо
Свинско, телешко и јагнешко месо можат да останат во фрижидер 3 до 5 дена по купувањето. Замрзнатото телешко месо може да се консумира повторно од шест до 12 месеци по замрзнувањето.
Јајца
Јајцата имаат рок за продажба, а не за соодветност. Всушност, тие се за јадење дури и по 3 до 5 недели престој во домашен фрижидер. Смрзнатите јајца се чуваат и по година. Ако лушпата е скршена, треба да се консумираат до 3-4 дена. Јајцата, како и месото, кога се расипуваат претрпуваат јасно изразени промени и во изгледот и особено во мирисот, па шансата да консумираме расипано месо или јајца е минимална.
Сланина
Ако не е отворено пакувањето, сланината може да отстои во фрижидер 2 недели. Ако сепак се отвори, останува рокот од 3 до 5 дена. Истото се однесува и за пакувани сендвичи и другите сурови колбаси.
Јаткасто овошје и паста
Пакуваното јаткасто овошје може да издржи 10 до 12 месеци. Пастата, како кората за лазањи, без разлика дали е отворено пакувањето, не се расипува за 3 години. Овие производи речиси не содржат вода, што е предуслов за подолг рок на траење.
Чоколадо
Најважно кај чоколадото се условите во кои се чува. Чоколадните бонбони на собна температура можат да останат од 6 до 9 месеци. Во фрижидерот, трајноста на чоколадото се зголемува со 25%, со до 50% и повеќе кај замрзнувањето. Во оригинално неотворено пакување, замрзнатото чоколадо може да истера и 18 месеци. Тоа сепак не се однесува на рачно изработените луксузни чоколадни производи – на собна температура тие се вклопуваат и се свежи околу 2-3 недели.
Млеко
Млеко оставено во фрижидер може да трае до една недела. Ако се замрзне, рокот се продолжува за три месеци. При одмрзнувањето, сепак се менува неговата конзистенција, но неговата употреба за подготовка на печива не е проблем. Правилото кај млекото е – киселиот мирис, пожолтувањето и формациите го покажаа моментот за негово фрлање. Јогуртот, пак, може да отстои 7 до 10 дена во фрижидер, а замрзнатиот – уште месец или два. Отворената амбалажа се троши пет до седум дена по отворањето. Сепак, јогуртот брзо апсорбира мириси од друга храна во фрижидерот, па можно е вкусот да му се промени само за неколку дена, без да биде расипан.
Сурова риба
Ден или два најмногу. Ако се замрзне пред овој рок, може да отстои во фрижидер до три месеци за оптимален вкус.
Кечап, сенф
Неотворени, овие производи може да имаат трајност околу година дена. Отворени сепак, ќе се расипуваат побрзо отколку да стојат шест месеци во фрижидер.
Вино
Рокот варира кај видовите на вино, но во целина белото вино се задржува отворено во фрижидер свежо за 3 до 5 дена, а црвеното – 4 до 6 месеци. Мерло и шира се поиздржливи, во споредба со Пино ноар. Неотвореното вино се задржува на три и повеќе години, во зависност од сортата и условите на складирање. Некои вина се консумираат и по сто години.
Мед
Медот скоро е вечен. Тој никогаш не се расипува, без разлика каде се чува. На ладно може да кристализира, што е реверзибилен процес.Фрлената храна во ѓубре, во монетарната димензија достигнува до 165 милијарди долари годишно. Поголем дел од расипаната храна навистина не е здрава

Пронајдете не на следниве мрежи: