Дејвид Бекам минатиот месец во Обединетите нации во Њујорк заплака потсетувајќи се на судбината на 4- годишната Виона. Таа е врсничка со неговата ќерка Харпер и била разделена од татка си за време на тајфунот Хајван кој ги погоди Филипините.Постарата сестра на девојчето кое ветерот го повлекол во смрт му ја раскажала целата случка на Бекам. Човекот кој пред камерите го зборувал тоа во една од најважните институции на светот не бил ниту капитен, ниту чуен фудбалер. Во тој момент бил само татко и човек.
„Го сретнав семејството на Филипините, мајката и таткото, кои раскажаа приказна за своите ќерки Венус и Виона. Во текот на ноќта тајфунот се надвил над нивната куќа. Се качиле на кровот од училиштето за да ја избегнат поплавата. За жал брановите биле преголеми. Еден го бутнал таткото од кровот. Кога шест часа подоцна се разбудил- ќерките ги немало“, раскажувал Бекам и тука направил пауза со солзи во очите.
Продолжил.
„Тоа било во ноќта кога пустошел тајфунот. Еден ден подоцна, за жал Виона е пронајдена, со лицето надолу. Починала. Ова е една од најтешките приказни кои сум ги слушнал“, рекол фудбалерот.
Додека ветерот беснеел насекаде околу нив мајката се сеќава дека ќерката Венус повторувала „мама, те молам не ги пуштај решетките“. Ѝ кажала дека доколку нејзе ветерот ја однесе детето не смее да се пушти. Мора да издржи. Кога невремето се смирило сфатила дека не го гледа ни сопругот ниту другото дете. Ги побарала и видела дека како Рудолфо гледа во водата. Ѝ станало јасно.
„Знам дека целата земја ја погоди трагедија, но ужасно боли кога мајка ќе загуби дете. Не можев да јадам. Ме предупредуваа дека ќе умрам доколку не јадам, но не можев“, вели мајката.
Венус и понатаму не може да верува дека ја нема сестра ѝ. Се орасположила кога Бекам ги посетил Филипините и играл фудбал со децата. И ги оттргнал мислите.
Две години откако тајфунот ја погодил државата, родителите на Виона Тринидад Оједа и Рудолфо Муева и понатаму не можат да ја пребродат таа ноќ. Тајфунот Хајан убил повеќе од 6.300 луѓе.
Денес семејството живее во привремен дом кој е изграден со помош на донации.
„Се снаоѓаме. Мојот сопруг некогаш работи градежништво, а синот работи на пумпа. Јас препродавам роба во близина на училиштето и купувам некои ситници за домот“, вели мајката.
Парот по трагедијата добил уште една ќеркичка Венис. Велат дека таа никогаш нема да го замени детето кое го изгубиле, но претставува надеш за да продолжат понатаму.Постарата сестра на девојчето кое ветерот го повлекол во смрт му ја раскажала целата случка на Бекам. Човекот кој пред камерите го збор



