Новосаѓанката Наташа Кондиќ Шобот сподели на својот Фејсбук профил една приказна кој покажува како живеат луѓето во Србија и се обиде да даде одговор на едно прашање- што е среќа?Емотивен статус кој за кратко време го споделија скоро 500 луѓе ќе ве натера да размислите. Ви го пренесуваме статусот во целост.
Влегувам во породилиштето… На столот млада личност која има дваесетина години, слаба, со црвени образи, темни подочници. Не ѝ се слуша гласот…
Бабицата ми се приближува и ми вели. Докторка, жената е отворена 6см. Терминот за породување е на крај на следниот месец а бебето е мало.
„Како се викаш“, ја прашувам.
„Милица“, вели едвај чујно..
„Од каде си“
„Одовде, тука се омажив“.
„Добро, Милица, зошто си толку слаба? Јадеш ли воопшто“, прашувам.
„Да, одговои кратко. Добро се хранам. Знаете докторка, мојот сопруг работи и заработува, не пие. Добар е. Секој ден имаме леб и готвиме по нешто. Убаво живеам не се жалам“, вели.
Јас почнувам да се заледувам… Сфаќам дека е искрена. Дека тоа е навистина така. Таа навистина јаде само еднаш дневно и смета дека тоа е во ред.
„Милица, имаш ли некого? Брат, сестра?“
„Само сестра, докторка, но таа е во хранителско семејство. Знаете мајка ми почина, татко ми работи по цел ден и не знаеше што со мене. А бев вредна, чистев, готвев. Одам на пазар и го земам зеленилото кое го фрлаат. А фрлаат добра храна. Дојде и ми кажа, Милица ти најдов маж. И го доведе. Оди дете со него, ќе ти биде подобро од овде. И така се омажив“.
„И, убав ли е сопругот“, се обидувам да се нашалам.
„Добар е“, прозборе и продли да молчи. Само гримасите на лицето покажуваа дека има болки. Млада жена која ја прифаќа реалноста ма колку и да е тешка, која не знае за подобро, мртва во својата немоќ да промени било што.
Бабицата ми ги носи нејзините анализи од крвта… Фрлам поглед на хартијата и ми се стега кнедла во грлото. Тешка анемија, хиппротеинемија.
„Знаете, девојче е. Ќе се вика Анѓела. Имам работи. Се исправ и наместив, знаете навистина се како нови. И пелени, имам и пелени. Туку, немојте да се лутите мислам дека ќе напнам“.
„Напни Милица“, велам и гледам во бабицата. Сите молчиме. Немаме зборови. А од внатре не стега, боли…
Ајде Милица, најсилно што можеш, напни. Милица слуша, нејзиното слабо тело ја дава сета своја сила, и таа се породи. Бебето слабо, но убаво, плаче црнокосата.
„Душо, мама те дочека. Душо, дајте ми ја да ја бакнам“, вели. Ја зема ја бакнува, ја прегрнува и плаче од среќа.
„Душо, ти си ми се. Колку е тешка докторка“, прашува.
„Еве само малку, ќе го измериме бебето Милица“, објаснувам. Бебето е тешко 2200 грама. Терминско бебе, бебе на гладната Милица.
„Убава де докторка, навистина е убава“.
„Да Милица, убава…“
Ѝ велам на бабицата да ѝ ги донесат работите, да ја преслечеме. Бабицата го наведнува погледот. Оди и ја донесува кесата, обична и во неа една стара ноќница, една паковка влошки и сапун.
„Милица дали си гладна, жедна?“
„Не сум, ќе јадам подоцна. Не грижете се, не ми е потребно мене многу“, и прв пат Милица се насмевнува. Излегувам од породилиштето. Ме чека низок човек.
„Јас сум сопругот на Милица. Дали е таа добро?“
„Да“, велам и го гледам. Износена маица, но чиста, голема тренерка и икскинати патики. Рацете груби, ранливи. Се породи и бебето е добро. Среќен е.
„Ве молам, дајте ѝ го ова на Милица“, вели и пружа мала кутија кекс и сок.
„Нека јаде, треба да дои, а јас ќе дојдам утре. Ете ми тргна, имам работа…
Заминувам полна со тага. Тоа е реалност. Тука околу мене. Утредента во посета, одам до неа. Ми се насмевнува. Мириса на сапун, со измиена коса во ноќницата од породувањето, која е чиста. Го сфаќа мојот поглед. Ме гледа во очи и вели.
„Ја измив и се исуши. Топло е. Гледате“, вели и покажува на масичката покрај креветот. Сокови, наполитанки, чоколади.
„Ми дадоа, не земав… Велат, јади Милица види како си слаба а ние дебели“.
Ја местам местам насмевката и гледам околу себе… Овие прекрасни жени од собата почувствувале дека треба да ѝ помогнат и ѝ донеле од влошки до храна, а при тоа ни еднаш не ја навредиле…
Доаѓа денот за отпуштање. При одење Милица доаѓа да се заблагодари…
„Ви благодарам за работите за бебето. Не требаше“.
„Нека Милица, уживај. Не е тоа ништо“.
„Многу ви благодарам…“
А тој ги чека… Ги бакнува во коса и ѝ дава една роза на Милица…. Така треба.. Ги гледам и си мислам… Колку навистина ти е потребно да бидеш среќен?
Навистина не знам….Емотивен статус кој за кратко време го споделија скоро 500 луѓе ќе ве натера да размислите. Ви го пренесуваме статусот во целост.
Вле



