Доктор Луис Рубио е шеф на хируршкиот тим кој успеа да ги оддели нејзините нозе и да ѝ ги обнови колената, колковите и зглобовите. Тој изјави дека девојчето физички одлично се чувствува, но дека сѐ уште има долг пат пред нејзе до целосно закрепнување.Милагрос Керон од Перу е родена со сиреномелија, попозната како синдром на сирена, ретка вродена деформација која ги лепи нозете една за друга. Родена со ваква аномалија, нејзиното име на шпански значи „чудо“.
Оваа „мала сирена“, како што е позната во родниот град во Перу, остварила голем напредок кога наполнила 6 години.
Поголем дел од децата родени со сиреномелија страдаат од посериозни оштетувања на органите и имаат ограничен животен век. Милагрос не е исклучок, бидејќи лекарите откриле дека има еден бубрег кој веројатно ќе престане со работа во секој момент. Болницата во Хуанкахо нема опрема за дијализа за да ја сочуваат малечката Милагрос, а таа не може да опстане доволно долго за да ја префрлат во детската болница во Лима.
Бебињата родени со ваква состојба немаат никакви надворешни гениталии, па полот ѝ бил идентифициран дури три недели по раѓањето.
По шестчасовната операција, докторите Пинто и Рубио успешно ги одделиле нејзините нозе. Меѓутоа, процесот не е завршен.
Родена во сиромашно село во Андите, Милагрос Керон е доволно среќна што нејзините сметки ги плати перуанската општинска власт. Операциите ќе ги продолжи низ годините, пред да биде целосно функционална.
По 13 операции во последните 5 години, Милагрос сега има нормални нозе и учи да оди. Храбро девојче!
Во 2012 година ѝ беше потребна итна трансплантација на бубрег. Операцијата беше успешна!
Милагрос денес…
По годините исполнети со операции и терапии, „малата сирена“ конечно чекори како нормално дете и многу ѝ е добро. Можеби ќе ѝ бидат потребни уште 3 или 4 операции во иднина. Естетска хирургија да ги исправи колената како и полни органи, но за тоа треба да почека најмалку 18 години.
Милагрос Керон од Перу е родена со сиреномелија, попозната како синдром на сирена, ретка вродена деформација која ги лепи нозете една за друга. Род



