Сите понекогаш потајно се надеваат дека парите ќе им паднат од небо или дека ќе добијат наследство од некој далечен роднина. Токму тоа го доживеале 70 луѓе во Лисабон!Во 2007 година, еден португалски аристократ се запрашал кому ќе му го остави богатството. Можел да ги даде парите во добротворни цели, но се одлучил за нешто друго.
Луиз Карлос де Норона Кабрал де Камара, зел именик и случајно одбрал 70 луѓе на кои ќе им се насмевне среќата по неговата смрт. Дури и двајца сведоци ја потврдиле неговата приказна.
Секако дека кога тие 70 луѓе почнале да добиваат повици во кои им било соопштувано дека ќе добијат извесна сума на пари, не можеле да поверуваат во приказната. Многумина помислиле дека станува збор за невкусна шега.
Луиз починал на 42-годишна возраст и никогаш не се женел, ниту пак имал деца. Поседувал куќа со 12 соби во центарот на Лисабон, уште една во северниот дел на Португалија, луксузен автомобил и огромна сума пари.
Неколку години пред смртта живеел во селото Клавос, кадешто го запаметиле како добар и великодушен човек кој има смисла за хумор.
„Верувам дека само сакаше да предизвика гужва оставајќи им го својот имот на потполни странци“ – изјавил еден човек.Во 2007 година, еден португалски аристократ се запрашал кому ќе му го остави богатството. Можел да ги даде парите во добротворни цели, но се одлучи



