Истрчала полумаратон, па задоволила пет мажи: Исповед на олимпијка која долго ќе се памети!

Сузи Фејвор Хамилтон скоро година дена водела двеон живот- се занимавала со трчање и блудни активности во Лас Вегас.На прашањето „како си“, некој еднаш на шала рекол „Дење фин, ноќе Чарли Шин“ алудирајќи на разузданиот живот кој познатиот актер и понатаму го практикува.
Истиот одговор би можела да го искористи и поранешната олимписка натпреварувачка Сузи Фејвор  Хамилтон, која преку ден вредно трчала, додека ноќе била елитна проститутка во Лас Вегас. Нејзиното уметничко име Кели Ланди било ценето кај клиентите.
Во своите мемоари „Брза девојка: Живот во бегство од болести“, Фејвор Хамилтон (47), која страда од биполарно пореметување, вели дека за таквата состојба е виновна погрешната дијагноза, погрешно пропишаните медикаменти, што само ги влошило нејзините симптоми.
„Сигурна сум дека никогаш не би станала екорт дама да не беа тие лекови кои ме направија многу сексуална. Исто така, свесна сум дека имав сексуални односи за пари, па кога ќе кажам дека сето тоа е биполарно пореметување, не се  обидувам да се оправдам“, вели Хамилтон.
Како започнало сето тоа?
На олимписките игри во Сиднеј намерно паднала и глумела повреда, кога ја престигнале останатите девојки, бидејќи страдала од недостаток на самодоверба.

„Мојот сон за освојување на олимписки медал  беше завршен и, наместо да ја завршам трката, си реков: „Падни“ и во истиот момент паднав. Тоа беше моментот после кој се тргна наопаку. Тогаш се уште не знаев, но тоа беше првиот чекор надолу“, вели Сузи која набрзо добила ќерка и уште повеќе западнала во депресија. Потоа уследила споменатата „погрешна терапија“.
„Не помина долго време и од  лековите почнав да се чувствувам многу добро. И тоа не само добро, туку прекрасно. Одеднаш станав многу отворена, со сите сакав да разговарам.“

За да го спаси нарушениот однос во бракот, Сузи заминала со сопругот во Лас Вегас. Го наговорила да скокне со падобран и да пробаат секс во тројка. Неколку месеци подоцна му кажала на сопругот Марк дека ја мрази својата професија и дека сака сама да се врати во Лас Вегас.
Марк знеал што се случува и бил свесен  дека животите им одат во различен правец. Прво што сторила- поминала ноќ со ескорт придружник.
„Тоа беше прекрасно искуство. Пред тоа имав однос  само со сопругот. Се сеќавам дека на придружникот му кажав дека тој е втор маж со кој сум спиела, на што тој ми одговори: „Каква штета! Треба да го правиш ова почесто!“ И тоа беше моментот во кој се навлеков“, додава Сузи.
Се вратила дома во Висконсин, но копнеела за Лас Вегас. Ѝ паднало на ум дека и таа би можела да стане ескорт дама и да заработува од сексот. Му кажала на сопругот каква намера има. Не се согласил, но ја пуштил многу полесно отколку што се очекувало.
Му се јавила на сопственикот на екорт фирмата Џејми Родман, и многу брзо добила име Кели Лунди. Почнала да ги рекламира своите услуги на интернет и наплаќала по 600 долари од час. Клиентите веднаш реагирале, а Сузи вели дека доживеала неверојатна возбуда кога за прв пат била платена за секс.
„Не беше возможно да се контролира тоа. По првата средба, потполно се изгубив. Сакав уште. Кели ја имаше таа харизма, самодоверба, таа моќ да ги заведе мажите. Тоа претходно не ми беше познато“, признала Сузи.
Најбизарно е тоа што трчањето не го запоставувала, и покрај блудните ноќи кои ги минувала.

„Еднаш се случи наутро да истрчам полумаратон, а потоа да се качам на авион за Лас Вегас каде истаа ноќ задоволив петорица“, признава Хамилтон.
Била откриена во декември 2012 година
Девет месеци била ескорт дама и на еден рокенрол маратон се појавила со веќе потполно пореметено чувство за реалност.
„Играв и викав, бев потпоно луда, а луѓето минуваа покрај мене и во чудо ме гледаа коментирајќи дека нешто не е во ред со мене. Се враќав во својата хотелска соба, по дружењето со клиент, и додека чекав лифт, некој викна по мене: „Хеј, Сузи!“, помислив дека е тоа само уште некој од тркачите на маратонот, но кога се завртев, видов дека воопшто не личи на тркач“.

Следел шок…
„Здраво. Моето име е Вилијам Бастон, коспоственик на портлот „Smoking Gun“.
Се било готово. Две недели по таа средба осамнала вест на интернет. Дошло времето Сузи да се лечи. Добила дијагноза на биполарно пореметување, истата болест поради која нејзиниот брат извршил самоубиство. Биле потребни години терапии додека Сузи се врати во реалноста.
И понатаму во плакарот чува бројни подароци кои ги примала како Кели Лунди.
„Тоа ме потсетува на сексот и сите оние луди работи кои ги сторив. Никогаш, поради она што се случи, нема да почувствувам срам. Нема, бидејќи всушност се работело за болест, а да постигнеш да не чувствуваш срам поради болест е многу тешко“, заклучува Сузи.На прашањето „како си“, некој еднаш на шала рекол „Дење фин, ноќе Чарли Шин“ алудирајќи на разузданиот живот кој познатиот

Пронајдете не на следниве мрежи: