Интересна љубовна приказна помеѓу еден Македонец и Србинка: Се започнало на Фејсбук кога таа имала 12 години…

Љубовта не познава граници, доказ за тоа е оваа интересна и успешна љубовна приказна која може да ја прочитате во продолжение. Младиот пар се запознал многу рано, односно кога Милена имала 12 години а тој 15. А со многу труд и секако взаемна желба, љубовта победила! Па така нивната врска завршила со брак. Станува збор за младиот пар Милена и Богдан Василев.
Таа денес има 18 години, студира, три години е  во брак со Богдан и е во осмиот месец од бременоста, додека нејзиниот маж Богдан има 21 година.

А ова е приказната која стои зад оваа голема љубов, која Милена со задоволство сака да ја сподели со читателите на Пулс24:
-Ивам 12 години кога му испратив барање за пријателство на Богдан на Фејсбук, по наговарањето на моите родители да побараме некои наши стари пријатели на Фејсбук го повикавме Богдан мислејќи дека тој е нивниот син. Меѓутоа излезе дека тој не е тоа момче. – раскажува.

Иако сфатиле дека не е вистинската личност, помеѓу нив веднаш се родиле симпатии па така продолжиле да се допишуваат. Во меѓувреме таа наполнила 13 години додека тој имал само 16. Продолжиле да комуницираат, а потоа тој отишол во Србија.
-Тогаш започнаа мајката на Богдан и нејзиниот невенчан сопруг да ни прават проблеми, тие беа против нашата врска, а од друга страна беа моите родители кои беа со мене цело време- раскажува Милена додавајќи дека таа и Богдан биле малтретирани од страна на социјалните служби каде што ги пријавила мајката на Богдан.

 
– Со сите сили се боревме за нашата детска љубов. Се одеше како што треба меѓу нас. И понатаму бевме одлични ученици, Богдан беше првак во Македонија во хармоника, сакаѓе да свири и често знаеше да ме гледа на скајп додека учам. Не не интересираше ништо друго освен љубовта и училиштето-додава.
А нивната љубов конечно победила кога Богдан наполнил 18 години, се одселил од Македониај и дошол да живее кај неа со нејзиното семејство. Милена тогаш всушност започнала да живее во вонбрачна заедница а истовремено тргнала и во средно училиште.

Стапиле во брак кога таа имала 16 години но со доста мака, затоа што таа била малолетна а тој странски државјанин.
-Јас и понатаму бев редовен ученик и одев во училиште мажена, а сепак бев одличен ученик. На денот на свадбата сопругот ми приреди изненадувањe и ја донесе екипата од „Се за љубов’ за јавно да ми се заблагодари што бев покрај него цело време.- раскажува Милена.

Емисијата била една од најгледаните во земјата и во регионот. 
Парот денес ужива во својата среќа и набрзо очекуваат поднова во семејството. 

Младите планираат набрзо да имаат своја куќа. А Милена вели дека со заеднички сили ќе се обидат да изградат свој дом.

Во продолжение погледнете го видеото на кое јасно се гледа само мал дел од нивната љубов. 
Младиот пар се запознал многу рано, односно кога Милена имала 12 години а тој 15. А со многу труд и секако взаемна желба, љубовта победила! Па така

Пронајдете не на следниве мрежи: