17-Годишната тинејџерка е пронајдена мртва откако била киднапирана од страна на непознати кои барале откуп од 1.000.000 евра

17-Годишната Анели Мари Р во четвртокот минатата недела била грабната од улицата во градот Мејсен во Германија додека го шетала своето куче. За жал, нејзиното тело било пронајдено во еден од напуштените дворови.Анели, која е ќерка на богат бизнисмен била киднаприрана и за неа се барало откуп од 1 милион евра.
Полициските напори за преговарање биле укинати во понеделникот кога викендот киднаперите не воспоставиле никаков контак со нејзиното семејство.
Нејзините родители очајнички ги преколнувале киднаперите безбедно да ја вратат нивната ќерка и дека на нив ќе им се даде се што ќе побараат.
Но минатата ноќ добиле страшна вест – нејзиното тело било пронајдено во еден напуштен двор не далеку од нивната куќа.
Полицискиот потпарол Томас Кнауп изјавил дека работат на претпоставката дека телото најдено не далеку од нејзиниот дом е телото на Анели.
Две лица биле уапсени, едниот во Дрезден, а другиот во Баварија. Медиумите објавиле дека едниот од нив бил на возраст од 39 години без работа, а другиот бил 61 годишен металски работник.

По нејзината потрага, полицијата употребила кучиња трагачи и хеликоптери за да стигнат до неа.
Во изјавата на нејзините родители пред медиумите, упатиле порака со надеж дека нивната ќерка ќе ги слушне нивните зборови: „Аннели, ни недостигаш, со тебе сме“.

Анели- чие име не е целосно откриено, го напуштила својот дом во 19.30 часот заедно со своето куче и велосипедот.
Нејзиниот велосипед бил пронајден фрлен во провалија, додека нејзиното куче го пронашле живо во едно поле.

Во Германија, пред 2 месеца бил киднапиран постар син на еден билионерски индустријалист, каде за него барале откуп од 1.5 милиони евра. Но подоцна истиот бил пуштен на слобода.
Во отвореното писмо до киднаперите, родителите на Анели изјавиле:
„Киднаперите треба да знаат дека нивните барања ќе бидат исполнет, се со цел нашето дете повторно да биде во нашите раце“.Анели, која е ќерка на богат бизнисмен била киднаприрана и за неа се барало откуп од 1 милион евра.
Полициските напори за преговарање биле

Пронајдете не на следниве мрежи: