Британецот Џејк Барет (22), за малку ќе починел по употреба на ленти за избелување на забите.Барет сакал да има бели заби како неговиот омилен актер Ченинг Тејтум.
Тој купил 3D Crest White ленти и ги платил 65 фунти. По 48 часа, под јазикот почнала да му се создава циста. Шест дена трпел болки, а потоа отишол во болница. Лекарите му пронашле циста полна со хидроген пероксид. Анализата покажала дека во лентите за избелување коишто Барет ги користел, имало 15% хидроген пероксид. Тој бил опериран, а интервенцијата траела три часа. Тој сега има дупка под брадата.
„Лекарот ми кажа дека цистата беше со големина на грејп, дека можеше да пукне во секој момент и дека хидроген пероксидот можеше да истече во моето грло. Ако дојдеше до тоа, би се отрул со пероксид и би починал“ – изјавил Барет за Daily Mail.
Лекарите морале да му извадат и еден оштетен заб, а поминал десет дена во болница.
„Сакав да имам насмевка како актерите во Холивид. Не ми е јасно зошто продаваат такви производи ако не се безбедни“ – се запрашал Барет.
Портпаролот на компанијата изјави дека ќе се спроведе истрага во врска со случајот.Барет сакал да има бели заби како неговиот омилен актер Ченинг Тејтум.
Тој купил 3D Crest White ленти и ги платил 65 фунти. По 48 часа, под



