Линзи Свифт (26) од Англија, минатата недела џогирала со момчето кога во еден момент маж во бело комби успорил и почнал да ѝ дофрла навреди на сметка на нејзиниот изглед.Како што пишува Метро, мажот помеѓу останатото саркастично ги кажал зборовите од песната „Big Girl (Are You Beautiful) “ пред да забрза.
Момчето на Линзи во тој момент бил пред неа и не ги слушнал навредите.
Младата девојка поради овој врбален напад во почетокот била бесна и се чувствувала посрамено, но одлучила на непознатиот маж да му напише отворено писмо на „идиотот“.
„Инаку не сум избувлива кај ваквите работи, идиоти се идиоти. Но, сфаќам дека ваквите коментари можат да оттргнат личност со помала самодоверба од трчање, и тоа е срамно“, напишала меѓу другото во писмото, порачувајќи дека не се срами од своето тело.
„Те жалам. Твоето однесување не е нормално, а твојот бонтон е под секое ниво. Најважно, ти простувам“, напишала Линзи, порачувајќи му на крај да го вклучи мозокот пред да ја отвори устата“.
Постот е објавен пред недела дена и стана хит на Интернет, а до денес е споделен повеќе од 18.000 пати.Како што пишува Метро, мажот помеѓу останатото саркастично ги кажал зборовите од песната „Big Girl (Are You Beautiful) “ пред да



