Елиминирајте ја болката во сите делови од телото со помош на овие движења!

Без оглед на тоа дали сте активни и дали редовно вежбате, болката во разни делови од телото може да се појави било каде и било кога.За среќа, постои метод за отстранување на болката, а воопшто не морате да станувате од столчето.
Болка во долниот дел од грбот
1. Седнете исправено на столче.
2. Кренете го едното колено до градите и фатете го од долната страна.
3. Повлечете го полека кон телото.
4. Држете така 30 секунди.
5. Постепено пуштајте ја ногата.
6. Повторете го истото со другата нога.
Болки во рамениците
1. Вдишете длабоко и кренете ги рамениците кон ушите.
2. Држете така 3 секунди.
3. Издишете и спуштете ги рамениците.
4. Повторете 10 и повеќе пати.
Болки во стапалата
1. Ставете го едното стопало пред другото.
2. Поставете го стапалото коешто стои во исправена положба и свиткајте ги прстите кон табанот.
3. Држете така 30 секунди.
4. Полека исправете ги прстите.
5. Заменете ги стапалата и повторете ја постапката со другата нога.
Болки во зглобовите на рацете
1. Направате тупаници со двете раце.
2. Ставете ги тупаниците пред себе.
3. Правете кругови во воздух со зглобовите.
4. Повторете 10 пати во две насоки.
Болки во градните мускули
1. Ставете ги рацете зад глава така што лактите да ви стојат како крилја.
2. Спуштете ги рацете на грб, така што рамениците да ви се приближат една кон друга.
3. Држете така 30 секунди.
4. Полека вратете ги рацете во почетна положба.

Болки во колкот
1. Седнете исправено на работ од столчето.
2. Грбот да биде исправен и ротирајте го торзото малку надесно.
3. Истегнете ја левата нога зад себе.
4. Десната нога држете ја под прав агол.
5. Исправете ги градите и притиснете го колкот.
6. Држете така 30 секунди.
7. Полека отпуштајте и вратете се во почетна положба.
8. Повторете така со другата страна.
Болки во мускулите од задникот
1. Седнете исправено на столчето.
2. Поставете го десниот зглоб од ногата на левото колено.
3. Навалете се напред.
4. Ќе почувствувате затегнување на мускулите од задникот. Немојте премногу да се напрегате.
5. Држете така 30 секунди.
6. Исправете се полека.
7. Повторете го истото со десната нога.
Болки во горниот дел од телото
1. Гушнете се.
2. Поставете ја десната рака на левото рамо и левата рака на десното рамо.
3. Дишете длабоко.
4. Држете така 30 секунди.
5. Постепено отпуштајте.
Болки во колената
1. Седнете исправено на столче.
2. Полека станете.
3. Станувањето извршете го со едно движење.
4. Повторно седнете.
5. Повторете 10 пати.
Болки во вратот
1. Седнете исправено на столче.
2. Наведнете ја главата на една страна, спојувајќи го увото со рамото.
3. Држете така 30 секунди.
4. Полека вратете ја главата на средина.
5. Повторете го истото со другата страна.За среќа, постои метод за отстранување на болката, а воопшто не морате да станувате од столчето.
Болка во долниот дел од грбот

Пронајдете не на следниве мрежи: