СМРТ ВО ПУСТИНА: На синот му ја препуштиле последната капка вода и починале за тој да преживее

Французинот Дејвид Стајнер (42) и неговата сопруга Орнела (51) починале во текот на пешачење низ пустина во Њу Мексико. Нивниот девет годишен син преживеал бидејќи пожртвуваните родители  му ја препуштиле на синот последната какпка вода.Момчето е пронајдено покрај телото на својот татко на пешачката патека во националниот парк Вајт Сендс. Било дехидрирано и исплашено. На околу еден час пешачење  од нив, чуварите на паркот го пронашле и телото на неговата мајка.
 „Јасно е дека момчето пиело повеќе вода од своите родители. Веројатно залихите му ги препуштиле нему“, вели шерифот Бени Хаус.
И покрај неверојатно високите температури  и предупердувањата од локалните служби, француските туристи тргнале во обиколка на Вајт Сенд. Понеле помалку од литар вода, што не било доволно за нив тројца.

Момчето му рекло на шерифот  дека неговата мајка по два часа пешачење почнала да се жали  на повредено колено. Затоа на сопругот и синот им рекла да продолжат без неа, со намера да се врати во автомобилот.
Но, набрзо изгубила свест, а чуварите ја пронашле при рутинска обиколка, кога веќе било предоцна. На Дејвид,  кој исто така се онесвестил на патеката, најверојатно престанало да му работи срцето, но причината за смртта допрва ќе биде утврдена.Момчето е пронајдено покрај телото на својот татко на пешачката патека во националниот парк Вајт Сендс. Било дехидрирано и исплашено. На околу еден

Пронајдете не на следниве мрежи: